Како ИСИС ги избира бомбашите самоубијци

Заедничко за сите овие луѓе е само нивната крајна точка и одјавата од светов, ништо друго што претходно им се случува не им е заедничко, ниту потекло, ниту образование, и наспроти логиката, ниту религијата во која се израснати.

Сведоштвото е на човек кој тврди, а ова подоцна го проверуваат повеќе сериозни американски медиуми, дека бил член на разузнавачкиот систем на ИСИС. Ликот, за потребите на сторијата го водат под името - Абу Калид.

Прво и основно, станувањето бомбаш самоубиец е комплетно личен избор, "кога се приклучуваш на ИСИС за време на првите часови со свештениците, тие те прашуваат 'кој сака да биде маченик?' Луѓето креваат рака, и нив ги издвојуваат во посебна група."

Еден од најзагрижувачките сегменти од сведоштвото на Калид е дека нема недостаток на луѓе подготвени да се саморазнесат. Ова продолжува да важи дури и во време кога бројот на регрути на ИСИС се намалува.

И понатаму не паѓа бројот на оние кои се пријавуваат за вечната слава, "тие продолжуваат да волонтираат," објаснува Абу Калид.

Комплетното сведоштво на Калид, тука

 

18 ноември 2015 - 10:30