Од 1965-та до 2015-та, во САД влегле 16 милиони имигранти, што е една од најголемите миграции во модерната историја. Но, од почетокот на економската рецесија, таа мигрантска река од Мексико кон САД е засушена па денеска повеќе луѓе се враќаат во Мексико отколку што од таму излегуваат.
Истражувачите од Институтот Пју проценуваат дека во периодот 2001-2015 во САД влегле 1,4 милиони мигранти од Мексико. Тоа е само половина од оние кои влегле една петолетка порано.
Истовремено, последниве 5 години е засилен обратниот тренд, да се враќаат луѓето дома. Сè на сè, во САД денес има 140.000 илегални Мексиканци помалку.
Бројот на оваа мигрантска заедница почнуа да опаѓа во 2007-ма, кога започнува економската криза која особено ги погоди и онака малку платените работни места кои ги држеа Хиспаносите.
Тоа ги направи САД помалку атрактивна дестинација за бегање од домашните невољи. Истовремено,се зголемува процентот на оние мигранти кои оценуваат дека нивниот живот во туѓина не е ништо подобар од оној кој го имале дома.
Според извештајот на Пју, бројот на уапсени на границата сега е ист со оној од 1971-ва година, што е индикатор дека сè помалку луѓе се обидуваат да ја минат. А оние што го прават тоа и биваат фатени, за време на админстрацијата на Обама, се враќани дома со поголема стапка од претходно.
Рекорд во депортации имало во 2013-та, кога се вратени 315.000 илегалци што е 86 % повеќе отколку во 2005-та.
61 процент од оние што сами решаваат да се вратат во Мексико велат дека го прават тоа за да бидат заедно со своите семејства.