"Мора да креираме нова организација како НАТО која ќе се соочи со безбедносните закани од 21-от век - органзиација која ќе биде биде симбол во борбата против насилниот екстремизам и уште поважно, ќе работи причините од кои произлегуваат овие напади. Ова мора да го сториме со нашите НАТО партнери, и мора да работиме да ја дополнимме коалицијата со Русија и мора да работиме со членовите на Арапската лига," изјавил Берни Сандерс.
По говорот, прес секретарот на Сандерс, Симон Сандерс, потврдила дека тој сака Русија и Арапската Лига да бидат членки на групата, која ја нарекува "НАТО 2.0". Таа не дополнила како тој го замислува ова зближување.
НАТО е формирано токму од САД во 1949-та, конкретно со цел да се спречи тогашниот раст на СССР. На ова СССР одговори со формирање на Варшавскиот пакт. Сето ова така функционираше до распадот на СССР кон крајот на 80-те.