"Има недостаток на кревети, душеци и јоргани. Ако ваквата ситуација продолжи, очекуваме дека ќе биде тешко да се стаса и одржи потребното снабдување," изјавила портпаролката на Икеа, Жозефин Торел.
До сега Икеа ги снабдуваше локалните власти кои се справуваа со кризата. Од почетокот на годинава во Шведска пристигнаа 120.000 бегалци, а се очекуваат уште некои 190.000.
Во четвртокот Агенцијата за миграција мораше да остави околу 50 бегалци да спијат на патосот во нејзините канцеларии затоа што не можеше да им најде сместување.
Иако министерката за финансии Магдалена Андерсон изјави дека притисокот на јавните финансии "не е акутен," шведската влада објави дека повеќе нема да може да им нуди сместување на новите бегалци.
"Тие што ќе дојдат тука може да бидат пречекани со порака дека повеќе не можеме да обезбедиме живеалиште за нив. Или ќе мора сам да се снајдеш, или да се спакуваш и да се вратиш во Германија или Данска," изјавил министерот за миграција Морган Јохансон.