Во четвртокот, Термос со својата ќерка бил на пазарот во јужен Бејрут, кога првиот самоубиец ја активира бомбата. Во хаосот, тој го забележува и вториот самоубиец како се подготвува да ја активира бомбата.
Во моментот Термос се стрчува кон него и го соборува на земја. Самоубиецот успева да ја активира бомбата, Термос загинува, меѓутоа со своето тело успева да ја задуши експлозијата и да спаси најмалку десетици луѓе кои беа наоколу.
"Го собори на земја, предизвикувајќи ја и детонацијата на вториот самоубиец. Има многу многу семејства, веројатно стотици семејства, кои својата целост ја должат на неговата жртва," изјавил блогерот и доктор од Бејрут, Ели Фарес.
Двете експлозии се случиле за време на попладневната гужва. Првичните извештаи беа, дека заедно со Адел загинала и неговата ќерка.
Подоцна информацијата беше демантирана. Ова е ќерката на Адел, за време на собирот во чест на татко и, со неговата слика во раце: