Хиспаносите во САД по бројност се приближуваат до македонскиот рамковен таргет од 20 проценти. Сега ги има 17 проценти но во растот на вкупната популација учествуваат со повеќе од половина.
Ни од третите нема фајде. Надежта на американските либертаријанци и алтернативата на претседателскиот избор змија (Хилари) или магаре (Трамп), баш прописно се избрука на јавна сцена.
Владимир Жириновски неодамна гордо објави дека побарал ДНК тестирање за да се утврди дека е во крвно сродство со Доналд Трамп. Додека резултатите покажат дали се биолошки братучеди, Жириновски својски се труди да докаже дека се политички близнаци.
Не само што нападот на Париз бил планиран да има далеку повеќе жртви, туку требал да се случи и во уште неколку градови, по што требало да следува втор бран напади на неколку локации низ Европа.
Откако мигрантите сместени во кампот "Џунгла" кај Кале почнаа да стануваат се понасилни кон возачите на камиони на блискиот автопат, стотици трактори и камиони го блокираа автопатот барајќи негово итно затворање.
Старата германска поговорка вели, дај му на Сириец да јаде и имаш среќен азилант на еден ден, научи го да гради и може некогаш ќе се спакува и ќе се врати назад во Сирија.
Иако уште се нема сретнато со новата британска премиерка, Путин најде време за два часа да седи и да разговара со 11 студенти од едно од најскапите и најстари британски училишта, Етон колеџ.
Францускиот премиер докрај ја разголе дилемата околу бурките и неуспешниот обид за нивна забрана. Голите гради, а не шамиите, се симболот на Републиката, смета Мануел Валс. Кај следбениците постигна полн погодок, иако фактички ова е статива.
Прославата на национално ниво, нарачана директно од човекот, е по повод празникот на војската и успешното лансирање проектил. На настанот му претходеше и соодветна закана до Сеул и Вашингтон дека ќе бидат претворени во "купишта пепел."
Филипини се среде брутална пресметка со нарко-мрежата иницирана од несекојдневниот претседател Дутерте. За неполни два месеца во војната со дилерите загинале околу 2.000 лица. BBC разговараше со жена која работи како платен убиец на дилери.
Филипини се среде брутална пресметка со наркомрежата, иницирана од несекојдневниот претседател Дутерте. За неполни два месеца во војната со дилерите загинале околу 2.000 лица. BBC разговараше со жена што работи како платен убиец на дилери.
Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.
Мнозинството од тие што гласаа за напуштање на ЕУ почнаа да го воочуваат проблемот што луѓето кои ја водеа кампањата за останување во Унијата го имаа уште од првиот ден - брегзитерите немаат поим од економија, и како таа функционира.
Не е проблемот само што има стапка на инфлација која се предвидува дека ќе достигне 2.200%, туку и да имаш пари и некако магично да си отпорен на инфлацијата, нема производи за да можеш да ги купиш.
Франција моментално е во 9-от месец од предвидените 14 и пол месеци вонредна состојба. Кога беше донесена одлуката, таа требаше да помогне Франција да биде побезбедна, но сепак не успеа да го спречи масакрот во Ница, или убиството на свештеник во Нормандија.
Како ретко кој американски претседателски кандидат, посебно републиканец, Трамп има крајно мек став кон Русија и Путин, до толку што, без разлика дали свесно или не, како да наговести дека би можел да го признае Крим како руска територија.
Новооткриени документи покажуваат дека заговорниците биле гневни на обидот на владата да постигне мир со курдските бунтовници, па намерата им била по пучот Ердоган и неговите соработници да ги судат за соработка со терористи заради учеството во 6-годишните преговори со Работничката партија на Курдистан.
Ноќеска германската полиција изврши рација во џамија во градот Хилдесхајм, и во осум станови на членовите на бордот на организацијата која управува со џамијата, откако тие се идентификувани како жариште на радикалниот салафизам во Германија.
4 напади за 11 дена неизбежно ќе ги натераат Германците да ги преиспитаат своите ставови околу некои работи кои иако никој не веруваше дека се решени, сите успешно ги избегнуваа, пишува германскиот печат.
Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.
Уште ја немаше завршено турата низ своите нови канцеларии, а новиот британски министер за надворешни работи беше приморан да се справува со обид за преврат во Турција, пишува дипломатскиот дописник на Бибиси, Џејмс Ландал.
Минатиот месец руската авијација се истури на еден оддалечен гарнизон на југоистокот од Сирија, во редовна мисија на бомбардирање бунтовници. Од Вашингтон и од Лондон реагираат дека Русите знаат дека ниту мисијата е редовна, ниту дека таму имало бунтовници.