Во овие седум дена Џонсон беше домаќин на две конференции во Лондон за конфликтот во Сирија и Јемен, беше на турнеја во Брисел, Вашингтон и Њујорк.
"Се ракуваше со странски министри за надворешни работи чии имиња сега сигурно не ги памти. Зборуваше и гласаше во Советот за безбедност на ОН. Беше распарчен од американските новинари пред светските камери, обвинет дека е лажго кој ја нагредил жената која може ќе биде следниот американски претседател," пишува Ландал.
Неговото назначување не беше лесно ниту за новата премиерка, која мораше својата одлука да ја брани на пресконференцијата со Меркел, ниту за британските дипломати, од кои еден за Фајненшел тајмс своето доживување го објаснува како "замисли како би ти било на тебе Пирс Морган да го стават за уредник на Фајненшл тајмс."
Искустовото на Ландал од неколку дневното следење на Џонсон во Вашингтон и Њујорк е дека дел од дипломатите почнуват "да го преиспитуваат ставот кон својот нов шеф," и дека стануваат свесни дека имаат шеф кој го привлекува вниманието на медиумите и останатите политичари.
"На анти-ИСИС конференцијата во Вашингтон, Џонсон беше човекот што сите сакаа да го запознаат. Дипломатите и функционерите се фотографираа со него. Останатите министри за надворешни работи го бараа, освен неговиот германки колега - хер Станјмаер - чие ракување беше толку отсечно што беше речиси некуртоазно," ја пренесува Ландал атмосферата од Вашингтон.