Прашањето, дали ќе го призне Крим како руска територија и дали ќе ги укине санкциите на Русија, Трамп го доби од германската новинарка Марике Аден, на што одговори "Да. Да ќе го разгледаме тоа."
Кришандев Каламур од Атлантик објаснува дека колку што е ова добредојдено во Русија, толку е причина за страв кај сите околу Русија, посебно поранешните советски републики. За да не остане само на ова, во рок од неколку денови кандидатот за следен американски претседател го стави под знак прашање функционирањето на НАТО, изјавувајќи дека ќе размисли кои членки на алијансата би ги бранел.
Каламур дава мал вовед околу Крим, објаснувајќи:
"Хрушчов во 1954-та им го дава Крим на Украинците, иако тој со векови е руска територија. Да бидеме искрени, Хрушчов веројатно не предвидел дека СССР само 4 децении подоцна ќе биде дел од историјата.
Русија одржуваше блиски односи со Крим дури и по распадот на СССР. Во ова помогна дека од сите советски републики, со исклучок на Белорусија, Украина одржа про-московски позиции се до 2014. Над половина од 2 милиона жители на Крим се Руси; Русија одржуваше воена база во регионот; и Русите во голем број се пензионираат на Крим. Меѓутоа кога украинскиот про-руски претседател Јанукович беше соборен од власт, тензиите околу Крим станаа очигледни."
Објаснувајќи што се случи од падот на Јанукович до денес, Каламур смета дека освен Украина, сличен страв има и во Грузија, во која се наоѓаат два региона околу кои спори со Русија. Ова го дополнува и со неодамнешните руски воени вежби на другиот крај од Европа, кои ги вознемирија балтичките нации и Полска.
Неговата паника е дека овие држави веќе не се така лагодни како што биле до неодамна пред Трамп да спомне дека ќе размисли на кого да му помогне, "сега, со коментарот околу Крим, Трамп на дипломатскиот естаблишмент во САД и Европа им даде дополнителни теми за размислување пред ноември."
Во меѓувреме: