Под измисленото име Марија стои жена која убива дилери на дрога за хонорар кој ѝ го дава државата. Досега има укнижено 5 своерачачни убиства, главно со пукање во глава. Дел е од екипа која нарачки за ликвидација добива од шеф во полиција а во која е и нејзиниот сопруга кој ја внесол во бизнисот.
Тие двајца и нивното семејство живеат во сиромашно предградија до Манила и немаат други регуларни приходи. Со оваа работа се занимава веќе две години а нејзиниот сопруга претходно ликвидирал непоправливи должници. Добиваат по околу 3230 долари за убиство кои потоа го делат тројца-четворица кои учествувале во операцијата. Ситни пари, но мало богатство во жестоко сиромашната земја.
Нарачаните убиства во Филипини не се новост но ловците на глави се зафатени како никогаш досега, откако претседателот на државата го испорача најрадикалното предизборно ветување кое сте го чуле: дека во првите 6 месеци од службувањето ќе убие минимум 100.000 дилери на дрога.
"Не ми ја уништувајте земјата затоа што ќе ве убијам," порача Родриго Дутерте објаснувајќи дека никаква бројка на убиени криминалци не му тежи на совеста.
Жените се особено корисни во ваквите операции затоа што полесно можат да им пристапат на таргетираните лица. Марија не мудрува многу околу технологијата на својата работа:
"Ги наоѓаме, им приоѓам и им пукам во глава", вели таа.
А проблемот со дрогите во Филипини имаат пандемиски опсег, особено со високо зависниот кристален метамфетамин кој е релативно евтин и на милиони луѓе им е омилен начин да го утепаат денот и ноќта во бесперспективната земја.