Тие повторно ги рецитираат двете "технички" на Трамп, дека би бирал на кого ќе му помогне како членка на НАТО и ставот кон Крим, и на ова ги додаваат изјавите на главните советници на Ердоган, кои го обвинуваат САД за неуспешниот пуч во земјата, "која ја има втората по големина армија во НАТО."
"Путин има среќа на ѓавол. Само седи и гледа како овој побогат, и помоќен блок базиран на легитимни вредности почнува самиот себе да се распарчува," изјавил членот на Европскиот совет за надворешни работи, Марк Галеоти.
Околу Трамп, Путин нема никаква реакција, а извори од Москва изјавуваат дека не им сеедно ако тој биде избран пред се заради неговата непредвидливост. Во исто време, Путин експресно реагираше откако Турција го обвини САД за вмешаност во пучот, и критиките на САД и ЕУ за тоа како Ердоган се справува со него.
Како што објаснува Александер Шумилин, кој раководи со Центарот за блискоисточни конфликти во Москва, "политиката на Путин е да се создаде поделба меѓу Турција и НАТО и да се извлече корист од тоа." Користа би била што Турција повеќе нема да делува како НАТО тврдина на југот од Русија, со што се губи опасноста таа да го претвори Црното море во "езеро" со затворање на Босфорот за руските воени бродови.
Блумберг пренесува изјава на високи руски функционери според кои "клучно е Русија да има сојузник во НАТО кој ќе се двоуми околу да тргне против нејзе во случај на конфликт."
Сето ова ја објаснува и поддршката што Путин инстантно му ја даде на Ердоган по завршувањето на пучот, наредувајќи укинување на економските санкции против Турција, и договарајќи средба на 9-ти август за време на самитот во Санкт Петербург.