Проблемот е што она кое до сега се сметаше за трофеј на германската (европската) широкоградост и слободи ќе биде ставено на тест, па според Велт сега ќе треба да се разговара за ограничување на граѓанските права за сметка на безбедноста (нешто што САД го прави веќе 15 години) и преиспитување, поточно рестрикции, на мигрантската политика (исто така востановена американска пракса).
"Секако мора да се разговара за слонот во собата: германската мигрантска политика мора да биде проверена. Забраната за депортација во земји со граѓанска војна мора да продолжи да биде наша политика, меѓутоа само за бегалци кои го почитуваат законот.
Ако продолжат нападите како овие што се случија, сите баратели на азил неизбежно ќе бидат присилени да се соочат со зголемен надзор. Токму ова Британците го направија за време на Втората светска војна, и тоа не мора да значи дека е прекршување на демократските правила и обичаи," пишува Торстен Крауел во Велт.
Карактеристично за последните напади во Германија (и оној во Ница) е што тие се изведени од поединци, наспроти нападите од Париз или Брисел кои беа организирани и спроведени од групи. Дополнително заедничко обележје е што напаѓачите се "или закоравени криминалци или ментално заболени, или и двете. Тие се под контрола на религиозни фанатици, и имаат многу малку други обележја заради кои можат да минат незабележани од властите." Наспроти нив, нападите во Париз, Брисел и обидот за напад на базата во Рамштајн во 2007, беа дело на групи и луѓе кои претходно им беа познати на безбедносните структури.
Сите напади во Германија во изминатите десетина дена: