54% од порастот на генералната популација на САД од 2.000 година оди кај Латиносите, покажува истражување на Центарот Пју. Ваквиот демографски раст кој е без преседан и резултира со вкупна бројка од 57 милиони луѓе со потекло од Латинска Америка, повлекува и сериозни промени во изборните програми и владини политики.
Според податоците од Центарот, тие моментално се мнозинство во околу 3.000 американски општини а ги има најмногу по бреговите и на југот од земјата.
Од 2007-ма година, Дакота е сојузна држава со најбрзо растечка хиспано популација. Во Ново Мексико се речиси половина, во Калифорнија 39 проценти, во Колорадо 21%.
53 проценти од сите хиспано жители на САД живеат во 15 урбани региони, особено се бројни во поширокиот реон на Мајами и во Вашингтон дисктрикт.