Свет

Путин и Трамп ќе се гледаат во Саудиска Арабија или Емиратите

Руски извори „кои се запознаени со дискусијата“ за Ројтерс изјавуваат дека средбата меѓу двајцата претседатели најверојатно ќе се одржи во една од двете арапски држави.

САД ќе извезува затвореници во Ел Салвадор

Сите оние насилни и осудени мигранти криминалци кои САД не може да ги депортира по брза постапка сега ќе може лагано да ги форвардира во затворите во Ел Салвадор, без разлика од која земја доаѓаат. Бонус, има место и за американски граѓани.

Како Чикаго сам си го осакати буџетот на 75 години

Во 2008-ма тогашниот градоначалник на Чикаго, Ричард Далеј, успеа во рок од 72 часа низ градскиот совет да го протурка договорот за давање на градските паркинзи на приватен инвеститор. За ова градот доби 1,15 милијарди долари и ја направи една најголемите финансиски грешки во историјата на американските метрополи.

Допрва ќе има циркузи во Белата куќа

Над 7.400 инфлуенсери од најразлични мрежи аплицирале за добивање новинарски акредитации за известување од прес-конференциите на Белата куќа.

Илон Маск: УСАИД е криминална организација

Американскиот милијардер и иноватор рече дека Националниот фонд за демократија (NED) е преполн со корупција а УСАИД не само што е криминална организација туку како таква треба да умре. Тоа го кажа коментирајќи ги гласините за физичко попречување луѓе на новото државно тело за владина ефикасност да влезат во системите на УСАИД. Трамп се согласил.

Мексико бара Гугл да ја преименува и Америка

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум го критикуваше Гугл дека веднаш свиткале рбет и фатиле да коленичат пред Доналд Трамп со брза промена на името на Мексиканскиот Залив во Американски залив. Шенјбаум има и свој предлог, кога веќе се менуваат имиња, и САД да бидат идентификувани како „Америка Мексикана“.

Трамп побара да се зачисти во Гвантанамо

Таман се стиши гужвата во американскиот затвор на окупирана кубанска територија, Трамп побара од управата на Гитмо да почне со средување на ќелиите и објектот за да служи како привремен престој на до 30.000 мигранти што не се посакувани во САД.

Кај поубави, па и побогати

Поатрактивните вработени било поверојатно да имаат и поголема плата отколку не така нежните за очи колеги на исто ниво со нив, покажува едно истражување на темата „бонус на убавина“.

Трамп пак спомна укинување на данокот на приход

САД треба да се финансираат од тарифи и давачки на странски производи, а не од даноци наметнати на Американците, и според Трамп тоа е правиот начин како да се збогати американскиот граѓанин.

Шведска, немири, здраво

Шведскиот министер за правосудство побара од граѓаните да не се помируваат со ситуацијата во која живеат а таа сè повеќе се карактеризира со жртви од крвави пресметки на банди. Заради бомбашките напади и престрелките, делови од Стокхол сè почесто личат на воена зона a земјата има повеќе експлозии од САД.

Мершајмер нема надеж за здрав мировен договор во Украина

Американскиот професор кој уште од 2015 ја следи ситуацијата во Украина и отворено предупредува на сите грешки што Западот ги прави по пат и како истите доведоа до војна, не верува дека во Украина е возможен мировен договор како што сега стојат работите.

Илон се фати за државна работа

Во првите 80 часа од работењето на новата американска организација задолжена за владина ефикасност (ДОЏ), се укинати владини договори и трошоци во вредност од 420 милиони долари. Секако дека првата бројка од организацијата на Илон ќе биде 420.

Оклахома ќе забранува порно

Во серија нови закони предложени од републиканците од Оклахома е и законот за целосна забрана на порнографија (и гледање и снимање) во целата сојузна држава, плус, засилени казни за педофилски содржини.

Машинеријо, каде со овие боледувања?

Германија е прогласена за „светски шампион во боледувања“ од најголемата осигурителна компанија во земјата според чии математики Германецот во просек зема 20 дена боледување годишно.

Волгринс е пред зијан од 200 милиони долари заради врати од фрижидери

Ланецот аптеки Волгринс и компанијата Кулер скринс се тужат еден со друг откако овие првите пробаа да излезат од договорот за инсталирање на „телевизор врати“ на фрижидерите во сите нивни продавници.

Трамп му го укина обезбедувањето на Помпео

Мајк Помпео беше министер за надворешни работи на САД во времето на Трамп, кој заради острата позиција што во тоа време ја имаше кон Иран стана и мета на закани од Техеран, заради што доби и дополнително обезбедување. Сега веќе го нема.

Кој се родил како маж и ќе служи затвор како маж

По ново американските транссексуалци се враќаат во машките затвори, поточно, кој како е роден, така и ќе ја служи затворската казна, без разлика како се чувствува во моментот. Во пракса доминантно се работи за биолошки мажи кои во текот на животот или пред лежењето затвор решиле дека се чувствуваат како жена.

Наместо да го пресуши, Трамп загњури во мочуриштето

Уште во првиот мандат а особено во пресрет на вториот, Доналд Трамп го опишуваше политичкиот Вашингтон како корумпирано мочуриште кое тој ќе го пресуши. Наспроти тоа, во лавината извршни уредби кои ги потпиша уште првиот ден, меѓу другото реши од ланец да ги пушти лобистите, да го олабави добивањето подароци и да ги укине етичките правила на оваа тема кои ги донесе Бајден.   

Дали Европа ќе истовари војска во Украина?

Присуството на западни специјалци во Украина, кое веќе не се крие, се води како „патики на земја“, потешкото прашање за Европа е дали ќе смогне сили за испраќање на „чизми на земја“.

Трамп ја откорна ДЕИ програмата од администрацијата

Сите вработените во американската државна бирократија кои се грижат за исполнување на ДЕИ квотите и агендата (разноликост, инклузија и рамноправност), од денес колективно се на платен одмор.

Нетанјаху лаже и сака да го саботира примирјето

Претседателот Трамп и неговиот пратеник одбија да дозволат игрите и изговорите на Нетанјаху да го одложат потпишувањето на мировниот договор со кој заложниците ќе бидат ослободени, а војната во Газа ќе заврши. Меѓутоа Нетанјаху се уште се обидува да го потопи договорот, пишува израелски Хaарец.

Последното понижување на Бајден

Во анкета на американски регистрирани гласачи, најголемиот дел од испитаниците не можеле да се сетат на еден успех од 4-годишното владеење на Џо Бајден.

Трамп почна да ја развластува „длабоката држава“

Еден од првите потези на новиот американски претседател (овде ги имате сите укази кои ги потпиша) по седнувањето на тронот беше одземање на безбедносните сертификати на 50 разузнавачки лица кои учествуваа во аферата со лаптопот на Ханетр Бајден и тврдеа дека таа афера е од руско производство. Во некои важни кругови во Вашингтон, ова се доживува како атомска бомба.

Добро утро Шведска

Лудо е што можеш да станеш шведски државјанин без да знаеш ништо за Шведска, ќе порача новиот шведски министер за миграција, откако со децении земјата се полни со мигранти од секаков вид.