Свет

Кои се новите европски шерифи?

Со Европската комисија треба да раководи министерка која е оцената како најлоша во гернманскиот кабинет, Европскиот совет оди во рацете на Каталонец кој е против независност на Каталонија, а шеф на дипломатијата е Шпанец заради кој најмногу треба да му ја мисли Косово.  

Чао фосилни, чао гасови и нуклеарни, поевтинија фотоволтаиците

Електро-водоводниот борд на Лос Анѓелес постигна договор за најголемиот и најевтин солар+ батерии проект кој го закопува бизнисот со фосилни горива и ги депласира нуклеарните централи.  

Битка за француските базени

Градот Гренобл (југоисток на Франција) има правила за јавните базени според кои жените мораат да носат едноделен костим за капење, а мажите мораат да носат Спидо. Правилото е од хигиенски и од безбедносни причини. Пред некое време во равенката се уфрлија религиозни разбирања и недоразбирања.

Американските политики како руска матрјошка

Политичките противници на Трамп уште се шокирани од неговото еднострано започнување трговска војна со Кина. Во суштина се работи за истата агенда која ја спроведуваше и Обама, кој се попираше на Клинтон, кој се потпираше на Буш... Некогаш таа се шитка како американски патриотизам (Трамп) а другпат како грижа за човекови права (Клинтон).

Дронот што го собори Иран е шпионски ѕвер од 220 милиони долари

Во моменталното разбирање на концептот на глобални правдини, САД со дронови, воени бродови и авијација пред врата на Иран, се чувствува загрозен од Иран (тек па ирански воени бродови да беа во близина на Калифорнија на пример). По толку време дремење на американската армада во Ормускиот проток, вчера еден од воените дронови на САД заврши на иранска територија (барем според иранската верзија).

Бриселскиот самит на недостапни смартфони

Обезбедувањето на самитот во Брисел комплетно го блокираше мобилниот сигнал во салата во кој се одржува самитот ви паника од шпионирање на мобилните на европските лидери.

Демократи 2020 + Обама

Поранешниот американски претседател е „многу загрижен за правецот во кој се движи неговата држава“ и може да се очекува тој да се вмеша и да помогне во победата на Демократскиот кандидат на изборите во 2020.

Европскиот ѕид е каде, каде, полош од оној на Трамп

Трамп на цел глас кажува дека сака ѕид, ама нема. ЕУ на цел глас кажува дека е против ѕидови, ама го има еден од најуспешните во историјата кој ги запечати сите пристапи до Унијата, далеку подобро од сè што Трамп се обидува да направи.

Стотици Роми товарени на автобус и депортирани од руско село по убиство на Русин

На 13-ти јуни годинава се случува масовна тепачка меѓу жителите селото Чемодановка и тамошните Роми. Во тепачката загинува еден Русин. Следниот ден Русите одржуваат масовен протест. Два дена подоцна почнуваат да ги палат ромските куќи.

1 милијарда долари бело заврши во полициски склад

По рекордна заплена на пристаништето во Филаделфија, американските власти станаа сопственици на кокаин во вредност од над 1 милијарда долари.

Египет тера „Ердоган школа“ со Европа

Како и сите околни држави, така и Египет чува една легија бегалци од Сирија кои моментално бројат на 110.000. А кога ги имаш толку на број почнуваат да ти доаѓаат секакви идеи како да ги искористиш.

Нема кредибилни докази дека Иранците се вмешани во нападите на танкери

Со цел да се олабави атмосферата во Персискиот залив, Џереми Корбин ја повика британската влада да се воздржи од ескалирање на тензиите со Иран без да има „кредибилни докази“ за вмешаноста на Техеран во нападите на два нафтени танкери.

Америка остана заглавена со воен авион од 400 милијарди долари што е неспособен за борба

Ако еден од Ф-35 невидливите воени авиони почне да се искачува под агол над 30 степени за да избегне непријателски напад, заради дизајнерска грешка тој одеднаш би можело да изгуби контрола и да се сруши.

Поп ненамерно удена совршена порака против пишување пораки и возење

„Ако сакате да го видите Господ, пишете му на Вотсап додека возите“, гласи морничаво прецизната порака на еден шпански свештеник напнат од претераното користење смартфони секогаш и секаде.

Од ветените милиони за обнова на Нотр Дам стигнаа само ветувања

Во деновите по пожарот во Париз француските милијардери, на вџашување на секој сиромашен во државата и пошироко, лицитираа со стотици милиони евра кој ќе даде повеќе пари за обнова на Нотр Дам. До сега никој од нив нема уплатено ни пара.

Што е Зелениот нов договор?

Од сегашна перспектива (што треба да се направи и како тоа да се постигне) Зелениот нов договор е научна фантастика.

Тролови од Албанија се алибито на САД за 'рчкање со Иран

Лик по име Хешмат Алави, некаде во 2014 се појавува на Твитер и почнува отворено да шири поддршка за иранската опозиција, конкретно за МЕК. Со тек на време набива голем број следбеници, што води кон он-лајн репутација, по што следува интересот од големи американски медиуми за негови мислења. Пред една недела излезе дека Алави е екипа членови на МЕК кои од Албанија го работат профилот и создаваат содржини за него.

Џон Стујарт и перверзијата на американското сочувство

Државата која тргна во војни преку пола планета заради двете урнати кули во Њујорк и потроши неброени пари и луѓе на овие војни, и понатаму одбива да го плати лекувањето на полицијата, пожарникарите и лекарите што на 11-ти септември 2001 први се одзваа да им помогнат на повредените во Светскиот трговски центар.

Најголемиот пожар во историјата на Калифорнија започнат заради осило

На 27 јули минатата година земјоделец на нива претрупана со исушена трева со чекан забива железен колец во земја во обид да затвори влез на едно осило, притоа прави искра која прераснува во пожар што опфаќа површина од 166000 хектари.

ЕУ за климатските промени има само „збирштина популарни зборови“

Протечениот документ од 5-годишниот план за борба против глобалното затоплување, покажува дека Унијата планира да се справи со најголемиот глобален проблем со добро составени реченици.

Во каменот е белото

Шпанската полиција уапси 11 луѓе и заплени 188 тони камен, па дури со повеќечасовна интервенција од токмаци имаше за што истите овие да ги задржи.

Рим ќе ја става во ред стоката туристичка, а и домашните

Откако забележаа дека туристите со години активно работат на тоа Рим да не биде „вечниот град“, властите на италијанската престолнина решија да воведат нови и построги правила за тоа кој, што и како може да прави додека е во градот.

ЕУ треба да одговара пред Хаг за загинатите мигранти

Илјадниците мигранти кои загинаа во Медитеранот се жртви на политиките на Европската Унијата, тврди група адвокати кои бараат Меѓународниот кривичен суд да започне истрага против Унијата за злосторства против човештвото.

Повеќе Американци се убиени во првите три месеца од годинава, отколку на Денот Д

29-те убиства што се случуваат на 6-ти март годинава го израмнуваат бројот убиени цивили со огнено оружје во САД за 2019 и загинати американски војници во Нормандија на 6-ти јуни 1944.