Свет

Висок саудиски функционер се однесувал како висок саудиски функционер

Специјалната известувачка на Обединетите нации за случајот со убиството на Џамал Кашоги добила смртна закана од функционер на владата што е истражувана за убиството.

Има нешто 30% во државата Данска

Данска планира да го лимитира бројот на не-западни жители во урбаните центри. Во едно маало не ќе може да има повеќе од 30 посто такви. Властите сметаат дека кога ги има повеќе од тоа, почнува гетоизација, односно почнува процесот тие повеќе да ја менуваат Данска отколку што Данска ги менува нив.

Во Бразил се враќа Лула

Откако во немилост падна судијата кој го осуди и го оневозможи да учествува на последните избори на кои, со така расчистен политички терен, победи актуелниот претседател Болсонаро, на политичката сцена во Бразил се враќа Луис Инасио Лула де Силва, омилениот претседател на работниците и најомразениот лик меѓу домашните и странски богаташи. 

Нешто мирно се случува меѓу Пакистан и Индија

Од делот од планетава кој има нуклеарен капацитет да стави крај на сè на планетава, доаѓа вест која изминативе години престанавме да ја очекуваме да дојде од било каде, а посебно од Пакистан и Индија.

Путин: Кој си вика, за себе си вика

Коментарот на Путин околу ставот на Бајден дека рускиот претседател е убиец, е дека тоа е само одраз на минатите и сегашни проблеми на САД.

Бајден го прогласи Путин за убиец

Во интервју за Еј-би-си, американскиот претседател се согласи дека рускиот претседател е убиец, и дополни дека веќе му има кажано на Путин дека „ќе плати“ за мешањето во американските избори.

Протестите против воената диктатура во Мјанмар стигнаа до 140 убиени

Само за викендот војската застрела 56 демонстранти, и додека Западот „најостро го осудува насилството“, воената хунта прогласи воена состојба во дополнителни делови од Мјанмар.

Руското „ако е не сакајќи не се важи“

Во долниот дом на Думата мина предлогот со кој се главно се простува корупција кој се случила не сакајќи, и ги опфаќа речиси сите што работат државно.

Истрага за едно кралско на-ти-го-дај-ми-го од 100 милиони долари

Во 2008 тогашниот саудиски крал му префрлил 100 милиони долари на тогашниот шпански крал како подарок, на фондација основана чисто за тој трансфер и на име на Карлос.

ЕУ извезла 34 милиони дози вакцини

Додека во блокот кој сака да биде симбол за меѓусебна солидарност и натаму постои кусок вакцини за самите граѓани на ЕУ, во една препирка со Велика Британија протече мрсна цифра за тоа колку од ЕУ има извезено вакцини во 30-тина други земји, меѓу кои и Саудиска Арабија.

Бајден почна да шмелца на работа

Тоа што веројатно не е до Бајден туку е до годините, 78, не го смирува американскиот а и глобален страв околу капацитетите на човекот што треба да биде „главен“ на планетава.

Чешка плаќа по 14 евра за ден во карантин

Слично како кај нас кога луѓе со ковид не ги откриваа контактите при пополнувањето на прашалниците, и Чеси масовно ја кријат својата заразеност затоа што не можат да си го дозволат карантинот а родини и пријатели ги молат да не ги кажуаат. Бидејќи доцна е за стап, државата ќе проба со морков.  

Шпанската сапуница на британското кралско семејство

На општо глобално изненадување истата монархија која е одговорна за смртта на милиони и милиони луѓе низ светот (конкретно кафеавиот и црниот дел од светот) во приватен живот да ти биле чистокрвни расисти.

Ќе се врати ли Трамп на 4 март?

Нормално дека нема, ама муабетот доаѓа од луѓе кои ги има во доволен број и кои се доволно неразумни за да можеш што било да им објасниш, па макар тоа било и дека нема шанси Доналд Трамп на 4 март да инаугуриран за претседател на САД.

Конгресот никој не го прашува за војна

Амрикански конгресмени од редот на Демократите кои беа најгласни во барањата Трамп да не презема никакви операции без дозвола од претставничкиот дом, останаа со прстот во уста откако Бајден реши да бомбардира во Сирија без да го стори истото.

Новиот дом на Навални, „место на кое те носат за да те скршат“

Следните две и пол години Навални ќе ги мине во затворската колонија ИК-2 во регионот Владимир на некои 3 часа возење од Москва, и според луѓе што биле таму, ова е еден од најтешките затвори во земјата.

Убиството на Кашоги, од почеток од крај

Заклучокот на документот што го објави Бајден е дека саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман, со сигурност одобрил, а најверојатно и го наредил, убиството на Џамал Кашоги.

Мажите се од Марс, гребнатите од Венера

На тековната конференција на американските кознервативци (CPAC), покрај звучните тешкаши како Доналд Трамп, Тед Круз и Мајк Помпео, на располагање се и специјални гости од странство, како на пример политичкото крило на еден јапонски религиозен култ кои веруваат дека нивниот лидер е реинкарнација на вонземјанин од Венера кој го има создадено животот на Земјата пред осум милиони години.

Ендрју, Куомо Вадис?

Гувернерот на Њујорк стана мега-ѕвезда во време на пандемијата па дури доби и Еми награда за дневните брифинзи во 2020. Сега пропаѓа во скандали; испадна дека ги лажирал бројките на заболени а на врат му е и скандал за сексуално малтретирање.

Амнести интернешнл заглавен во магичен „воук“ круг

Алексеј Навални во средината на јануари од Амнести интернешнл доби статус на „затвореник на совеста“. Околу еден месец подоцна истата оваа огранизација на истиот овој Навални му го укина тој статус по основа на „говор на омраза“.

Ако се врати, Трамп ќе ја освои републиканската кандидатура во 2024

Само од Трамп зависи дали пак ќе се кандидира во 2024, бидејќи ако реши Републиканската партија нема да има ниту против, ниту како да го запре, порачува Мит Ромни.

Чирокито не го даваме

Актуелниот поглавица на Чироките го повика Џип да престане да го користи нивното име како бренд за еден од автомобилите на компанијата, затоа што не им е пријатно.

На Французите пробаа да им воведат вегетаријанство под маска на пандемија

Градоначалникот на Лион одлучи сите училишни оброци во градот да бидат без месо, и додека Французите се на раб да го линчуваат, тој објаснува дека мерката е заради пандемијата.

Тексас срамно капитулираше пред студот и снегот

Болници и старечки домови се евакуираат, а цели семејства со денови премрзнуваат, откако најголемата американска сојузна држава се најде сред студови какви што никој никогаш не ги очекувал, посебно не тамошните стручни лица задолжени за планирање на електричната мрежа на Тексас.