Свет

Кина сака да знаете дека ги пушти во служба „супер-војниците“

Последно од тоа што кинеската армија реши да дозволи светот да дознае за нив е дека имаат војници што ги опремуваат со ексоскелетон, и за сега служат за разнесување намирници каде што џип не стига.

Бајден масовно поништи политики на Трамп, освен тие за мигрантите

Во рафалното укинување на одлуките на претходниот претседател, Бајден беше крајно внимателен која од извршните наредби на Трамп што спречува влегување на мигранти во САД или дозволува нивно депортирање во Мексико ќе му заврши под пенкалото.

Дали кафе може да биде десничарско?

Четворица поранешни американски соборци од војните во Ирак и околината, во 2014 формираат компанија за кафе. И сè оди добро се до 2020 и целото лудило, протести, пандемии и што сè не што годината ги донесе (a кое периодов нагло се стиши).

За сите насекирани за Навални, еден збор - Асанж

Пратеничка нa Европскиот парламент озбилно запука по лицемерието на овој храм на демократијата и чувар на човековите права во кој деновиве не може доволно да се оплака судбината на Алексеј Навални ама затоа со години не смее да му се спомне името на Џулиен Асанж. За иронијата да биде на најјако, на овој нејзин говор, Твитер му залепи етикета дека е „сензитивна содржина“.

Франција е загрижена од "будење" на американски начин

Дел од француската интелектуална јавност со стаписаност гледа како во земјата се увезуваат наративи и теми од САД и смета дека целото тоа квази-левичарење, разбуденост и кансел култура кои доаѓаат од американските универзитетски кампуси директно ги поткопува особеностите на француската култура и идентитет.

Џандар, џандар, па ќе му текне

Американската полиција од што е кабает мора по цели денови да трпи кој стигне да ја снима, и секој нивен чекор да биде објавуван по најразлични Јутјуб канали или која и да е социјална мрежа. Ама да се разбереме, не дека и ним не им текнуваат фори.

За Техеран, Трамп и Бајден се Курто и Мурто

Кога Доналд Трамп еднострано го откажа договорот со Иран и на таа земја ѝ зачука нови санкции, неговите политички противници тоа бучно и едногласно го оценија како опасен, погрешен и безумен потег на лудиот американски претседател. Нормалниот Бајден сега вели дека нема да ги дигне санкциите.

Јутјубер застрелан и убиен при обид на „пранк“ грабеж

20-годишен дечко е убиен во Нешвил додека со другарите се обидувал „на шега“ да ограбува непознати луѓе на улица со надеж дека ќе направи вирално видео за својот Јутјуб канал.

Кога се сака, се руши

Се работи за палата од неверојатни 70 милиони долари, која по одлуката на францускиот суд во скоро време треба да смени агрегатна состојба во куп камења од 70 милиони долари.

За Англичаните, вакцинацијата е првиот голем аир од Брегзит

Ослободена од обврските за бескрајни консултации и синхронизации на регулативите со останатите земји од ЕУ, Велика Британија досега вакцинираше 15% од населението. Во 27-те земји членки на блокот, вакцинирани се само 3%.

Полска ќе помага родилки со „соби за плачење“

ЕУ останува препознатлива само како политичко крило на НАТО (како Шин Фејн на ИРА, како ДУИ на УЧК). На ниво на вредности и принципи,  речиси е невозможно да ѝ се одреди физиономијата бидејќи во унијата се случува еден галиматијас од идеи, од крајно глупи до крајно глупи. Полска на пример, на жените кои ќе мораат да родат деформиран фетус поради драконските забрани за абортус, ќе им помага така што ќе предвиди соба за нив, за да можат на раат да се исплачат.

Цехот за вадење на Националната гарда пред Конгресот е 480 милиони долари

Рапидното распоредување на единиците на веќе буџетски покриената Национална гарда во Вашингтон го чини буџетот на САД околу половина милијарда долари, и ова е конзервативна проценка.

Кина бара како да ги направи момчињата „помажествени“

Во официјален допис кинеското министерство за образование се жали дека кинеските момчиња станале премногу „женствени“, и бара како тоа да го сврти во спротивен правец.

Зошто нема биографии за Си Џинпинг?

Колку што е Кина неподнослива за класифицирање „држава што има и гулаг и Гап“, толку и нејзиниот лидер е нејаснотија „ем ја враќа земјата назад, ем изгледа како поборник на слободна трговија кој може да ја воодушеви публиката во Давос“. И додека Западот нема некоја прецизна претстава за Кина, за нејзиниот лидер нема па воопшто никаква.

Фрејзлдрип, лудилото од завера што мутираше од Пицагејт

Во некои понормални времиња се зборуваше како во Вашингтон има целосно безлична пицерија во која се собираат Хилари и пријателите, од чисто педофилски побуди. Овој тумор од заговор низ годините прогресираше и се претвори во нешто што се вика Фрејзлдрип.

Бајден до Канада: Цркнете

„Кутар Џастин Трудо. На канадскиот премиер мора да му беше огромно олеснување што конечно се раатисал од Доналд Трамп, само за да дочека да сфати дека еден од приоритетите на Џо Бајден е да им порача на Канаѓаните да одат да јадат гурабии“, пишува колумнист на Бостон Хералд.

Германските здравствени власти се против вакцинирање со АстраЗенека на лица постари од 65

АстраЗенека вакцината против ковид-19 треба да се користи само кај лицата на возраст од 18 до 64 години е препораката на германскиот комитет за вакцинирање.

Бајден тргна со „Купувајте американско“

Еден од првите укази кои Џо Бајден ги потпиша се однесува на 600 милијарди долари годишни набавки на федералната влада кои ќе треба да бидат потрошени на стоки и услуги од американско производство. Владините коли, на пример, ќе мораат да бидат не само електрични, туку и американски.

Германија ја купи ковид терапијата што ја прими Доналд Трамп

Може Меркел е алергична на сè што е поврзано со Трамп, ама тоа некако не важи и за терапијата која за неколку дена го крена поранешниот американски претседател од ковид-19 и го врати назад во претседателската кампања.

Инцест, колку тоа француски звучи

Француската јавност се шокираше кога дозна дека „проминентен член на париската интелектуална елита“ сексуално го злоупотребувал своето тогаш 14-годишно посинето дете, па потоа се дошокира кога на социјалните медиуми се појавија стотици слични сведоштва под хаштагот #metooinceste.

Соединети држави на полициско насилство

Во склад со новоеруптираната позитива низ САД треба да се пофали полицијата дека во случајов ниту еден полицаец не застрела ниту еден црнец, но сепак викендов се случи инцидент кој треба да се спомене во кој полициски џип прејде преку толпа луѓе како трактор преку нива.

Се падна џек-пот од 1 милијарда долари

Не се знае на кого му се падна, ама се знае дека добитното ливче е продадено во бакалница во Мичиген, и дека е само едно и дека добитникот инстантно станува еден од најбогатите луѓе на светот.

Лошaта Танзанија, наивната ЕУ и глупите

Лошите власти во Танзанија успеала од наивната Европска унија да искамчат 27 милиони евра за борба против ковид. Ковид речиси и да немале а и од тоа што го имале, Господ ги имал спасено. Добро, ама кои се глупите?

Франција со закон го заштити кукурикањето и мирисот на шталски измет

Рурална Франција има право да биде гласна и да мириса на измет од говеда како и сите години до сега, без разлика колку тоа им пречи на новодојдените богаташи.