Обид за утеха за горештините

Пофаќајќи по најстариот одбранбен механизам на Македонецот „има и бетер“ треба да знаете дека во град во Пакистан летно време знае да биде измерена горештина од 52 степени Целзиусови.

Се работи за градот Јакобабад позициониран во централен Пакистан кој и покрај пеколот што се случува секое лето сепак има популација од околу 200.000 жители.

Овие температури жителите ги трпат и покрај прилично лабилната електрична мрежа која често пати не работи, заради што и малкумина од 200-те илјади жители имаат клима.

Луѓето објаснуваат дека најлошо е кога температурата ќе мине 50 степени Целзиусови бидејќи тогаш „веќе не можеш да стоиш на нозе“, заради што сите се скриени по дома и градот е напуштен.

Температурата од 52 степени, е на самата граница на издржливост на човековото тело, по што топлината станува смртоносна.

Проблемот е надополнет со влажноста во воздухот во Јакобабад, заради која телото не може да се лади себеси со потење, па и пониска температура може да биде фатална во рок од неколку часови.

 

30 јуни 2021 - 12:54