
Семејство од Луизијана открива 50 милијарди долари на својата сметка, со што инстантно се креваат на 25-то место по богатство на светот, на ист ранг со основачот на Најк.
Статусот на милијардери тие успеваат да го задржат нешто помалку од 4 дена.
Семејството Џејмс во сабота ги забележува сите пари што им се на сметка, и после првото потресување се јавуваат во својата матична банка за да прашаат што се случува со парите. Од јавувањето минуваат 4 денови пред банката да ја коригира грешката.
Грешката е направена во банката Чејс од каде изјавуваат дека целата ситуација е средена. Тие само изјавиле дека се случила техничка грешка која опфатила ограничен број на сметки.
Освен Џејмсови, периодов имало уште неколку случаи во кои клиенти на Чејс на своите сметки магично откриле милиони или милијарди долари. На сите нив парите им се одземени.