Ниту германската канцеларка, ниту нејзината влада немаат добиено официјален допис од Вашингтон околу планот за повлекување на американските војници од Германија.
Со девет од вкупно тринаесет гласови на градскиот совет одлучено е распуштање на полицијата во Минеаполис (чиј припадник го уби Џорџ Флојд) и нејзина изградба од нула како „нов модел на јавна безбедност“.
Десетици експерти за човекови права на Обединетите нации направија директна паралела меѓу денешните убиства на невооружени црнци од страна на американската полиција со расните линчувања на црнци од почетокот на 1900-те.
Настрада статуата на Винстон Черчил во Лондон која од протестантите кои подржуваат „Black Lives Matter“ беше нагрдена со истата страст со која толпите храбро се пресметуваа со статуите на Чаушеску, Ленин, Гадафи, Садам.... За едни ова е сквернавење на еден од најзаслужните историски ликови во победата на фашизмот. За други, ова е само апдејтирање на Черчиловото CV.
Во само 10 воздушни напади во Авганистан, Американците имаат убиено најмалку 70 деца. Иако борбената мисија официјално одамна им е завршена, лани истуриле рекорден број бомби и гранати врз таа земја - преку 7.000.
Како што Американците продолжуваат да протестираат, а Трамп повикува на „доминација“, поранешниот претседател на САД се почувствува обврзан да интервенира.
Доколку Кина не престане со наметнување закони и вршење притисок врз Хонгконг, Лондон ќе го отвори патот за околу 3 милиони жители на својата поранешна колонија да се преселат во Британија, порача премиерот Борис Џонсон.
Во најголемиот воен полигон во Кина, кинеската армија има изградено верна копија на добар дел од центарот на Тајпеј, вклучувајќи ја и претседателската палата на Тајван и министерството за надворешни работи. Намената на овој комплекс е тренинг и обука на кинеската војска.
За парадата по повод Денот на победата Русија од својата војска ќе избира војници кои се асимптоматични или веќе имаат развиено имунитет на коронавирусот, објави руското министерство за одбрана.
Како што протестите и немирите се повеќе се шират низ американските градови и заедници, така на Афро-Американците се повеќе им е нејасно која е улогата на белците фокусирани чисто на вандалскиот дел од протестите.
Солзавец, гумени куршуми, топовски удар и полицајци на коњи беа употребени за отстранување на демонстрантите пред Белата куќа и отворање на пат за американскиот претседател да може да стигне до блиската „Црква на претседателите“.
Немајќи ни време да заборават што американски политичари ги нарекуваа протестите во Хонгконг „убава глетка“, Кинезите (меѓу другото) директно ги прашаа Пелоси и Помпео треба ли и Пекинг да ги поддржи демонстрантите во САД, како што тие ги глорификуваа демонстрантите во Хонгконг?
Тоа што започна како протести околу убиството на Џорџ Флојд, и се претвори во масовно движење против полициското насилство во САД успеа во одредени моменти да мутира во чисто безредие, пљачкосување и уништување на јавна (полициска) сопственост и приватна (од мали трговци) сопственост. За сега уништувањето е далеку повпечатливо отколку мирниот дел од протестите.
Изгорени од претходните епидемии и поучени од искуството дека во случај на голема беља, никој друг нема да им помогне освен самите себе, Виетнам почна да се подготвува за коронавирусот уште кога СЗО тврдеше дека не се пренесува од човек на човек. И плус комунизам.
Доналд Трамп, како што само тој умее, истури кофа напалм на и онака насилните протести во Минеаполис, притоа уникатно успевајќи да не смири ниту еден единствен човек на која било страна на протестите.
Неколку нови кластери на ковид-19 во земјата и властите на Јужна Кореја решија да скинат некои од олеснувањата кои беа воведени по стишувањето на првиот бран на епидемијата.
Една од најголемите богаташки маки периодов е што имаат неброени пари, а немаат каде да се шетаат со нив и каде да ги трошат. Олеснувањето на глобалните забрани за движење, ги олесни и овие проблеми.
Лидерот на руската Комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, верува дека евентуалната вакцина против коронавирусот е дел од капиталистичка завера за чипирање на човештвото што пак ќе осигури негово „дигитално поробување“.
Првичниот општ консензус околу ужасниот исход што ковид-19 го имаше во Италија беше дека земјата има исклучително стара популација. Од неодамна ова е надградено во - стара популација со претходни болести.
Додека болниците се справуваа со десетици нови пациенти на ден, супермаркетите беа под опсада на илјадници препаничени муштерии кои се обидуваа да се снабдат за претстојната апокалипса.
Планот е армијата од 60.000 кодоши кои ќе треба да го набљудуваат спроведувањето на мерките за социјално дистанцирање да биде главно составена од невработени.