
„Малку е чудно дека би го покажале во облека која не му е скроена по мерка, бидејќи тоа јасно нагласува дека е ослабен,“ објаснува директорката на американскиот проект мониторирање на Северна Кореја, 38 Север, Џени Таун.
Ким, како ретко кога во владеењето на неговата династија, уште пред да ослабе призна дека ситуацијата со храната во земјата е тензична и дека тоа би се влошило доколку годинешната жетва пропадне.
„Без разлика која е причината за рапидното слабеење на Ким, постои пропагандна вредност во тоа да се покаже дека дури и лидерот на Северна Кореја страда од истиот недостаток на храна што ја има зафатено целата држава,“ изјавува ЦЕО-то на Кореа риск групацијата од Сеул, Чад О'Карол.
Освен што вака не личи како да јаде за десет луѓе, новиот имиџ нагласува и дека Ким напорно работи за луѓето во времето кога им е најтешко.