
Како одговор на твитот инстантно се појавија стотици твитови во кои „со тага“ се соопштува дека починала Кралицата Елизабета, и се изразува сочувство до британското кралско семејство.
Твитовите главно беа напишани на лош англиски или на мандарински.
Освен сеир, целта на плимата од твитови е и да се збунат алгоритмите, да не се дозволи твитот на британската амбасада да добие поголема гледаност и да се „измести“ темата на денот на Твитер.
Постот на британската амбасада и понатаму стои на Твитер, меѓутоа од кинеските социјални мрежи беше збришан за неполни 20 минути. Минатата година твитот беше избришан за 15 минути.