Таг: плоштадот тиенанмен

Од времето кога САД беа суперсила

На снимка која е незамислива во денешно време, што заради военото осилување на Кина, што заради погубната зависност на американската економија од Кина, тројца американски Конгресмени (меѓу кои и Ненси Пелоси) одат на Тиенанмен плоштадот (сосе камермани и новинари), вадат натпис во сеќавањето на „тие што загинаа за демократијата во Кина“ и полагаат три цвета на споменикот на мачениците.

Кинески тролови ја „умреа“ Елизабета Втора

Британската амбасада во Пекинг пред некој ден на годишнината од масакрот на Тиенанмен на Твитер објави слика од свеќа, без зуцне ни збор повеќе. За возврат за неколку минути кинески Твитер корисници ја свртија приказната дека умрела кралицата на Британија.

Целосната фотка од мажот пред тенковите на Тиенанмен

Годинава е точно три децении од студентските протести во Пекинг за кои скоро никој во Кина не знае ни дека се случиле. Во остатокот од светот, сликата од човекот со кесите пред тенковите е иконата на овие протести. Кадарот што го знае цел свет е само многу мало делче од една многу позастрашувачка слика.

Историјата нема да се запамти

Годинава беше 25 годишнината од протестите на Тиенанмен, настан кој речиси никој млад Кинез (под 30 години) не ни знае дека се случил и покрај тоа што во судирите сред Пекинг загинаа околу 2.000 луѓе.