Кога Франција ќе го преземе претседателството, француските дипломати состаноците и работните групи ќе ги тераат на француски, забелешките главно ќе бидат запишувани на француски, и не секогаш ќе биде обезбеден превод.
Франција исто така ќе одвои повеќе финансии за бесплатни часови по англиски за сите дипломати кои сакаат да го научат јазикот.
Францускиот е еден од трите работни јазици на Унијата, покрај англиски и германски, и еден од 24-те официјални јазици.
Јазикот беше доминантен во дипломатските кругови на ЕУ во Брисел, меѓутоа по проширувањето на Унијата кон истокот во 2004, неговата употреба забележа пад. На сметка на францускиот, се зголеми употребата на англискиот јазик главно заради новодојдените дипломати од истокот на кои втор јазик најчесто им беше англискиот.
Со излегувањето на Британија од ЕУ, во Унијата останаа само две членки каде англискиот е официјален јазик: Ирска и Малта, што ја загрози доминацијата на англискиот.
„Чистењето“ на англискиот јазик веќе почна во Европската комисија, каде има случаи кога писма на стигнати на англиски јазик остануваат неодговорени, бидејќи француски функционер чека превод на француски пред документот да биде препратен во Париз.
„За време на работните групи на Советот ќе зборуваме на француски. Некои од работните групи немаат системи за превод. Ако нешто не е разбрано, на страна повторно ќе го објасниме. Кога сме во Брисел, кај европските службеници има големо мнозинство кое зборува француски,“ изјавил ЕУ дипломат за Телеграф.
Процената е дека околу 80% од персоналот на Европската комисија зборуваат француски како прв, втор или трет јазик.