
Во различни делови на Париз протестирале и левичарите и десничарите. Повикот на протести собрал голема и шаренолика група на луѓе: од жолти елеци кои се бунат против неправедното распоредување на економскиот товар на пандемијата, преку ројалисти па до медицински сестри кои се против одлуката за задолжителнно вакцинирање на медицинскиот персонал.
Според најновите мерки предложени од француската влада, во ресторани и други јавни објекти ќе може да се влегува само вакцинален пасош, се има доказ за прележаност на болеста или пак се поседува тазе негативен ПЦР тест.
Се смета дека колебливоста околу вакцинирањето е многу раширена во Франција иако досега се имаат вакцинирано околу 36 милиони луѓе.
Франција најави и засилена контрола на границите. Според официјалните бројки, ковидот во државата однесе околу 111.000 животи и предизвика сериозна еконосмска штета.