Бројот на жртви сигурно ќе се зголеми бидејќи се уште има исчезнати и допрва почнуваат да се расчистуваат рушевините на градовите и селата кои беа зафатени од поплавите.
На страна ангажманот на службите, војска, полиција, пожарна и брза помош, кои непрестајно работат, деновиве на терен излезе Меркел, која вети милиони евра помош, и „забрзување на борбата против климатските промени“.
Иако се уште нема конкретен план од сега се најавува дека земјата ќе започне со градежна офанзива за изградба на брани, резервоари и корита кои ќе можат да го преземат товарот во случај на некои идни поплави.
На поплавите им претходеа бури и повеќе денови непрестајни врнежи кои ги преполнија реките на северот од Германија.