Откако веќе имаат утврдено дека неизбежно престои колапс на глобалната цивилизација, научници прават рангирање која држава е најдобро подготвена за преживување на колапсот.
Еден кардинал и девет други луѓе се обвинети дека од Светата столица исцедиле десетици милиони долари од донации преку лоши инвестиции, зделки, сомнителни менаџери на фондови и услуги за пријателите и семејството.
Неплатени такси кон државата и проблеми со документите за натурализација се наведени како основа по која основачот на Викиликс остана без еквадорско државјанство.
Во изминативе 20 години и покрај тоа што целата воена сила на светот беше против нив Талибанците успеаа да ја задржат контролата на некои од најоддалечените делови од Авганистан. Како што САД и сојузниците почнаа да го напуштаат Авганистан, така Талибанците за 2 месеца освоија повеќе територија од кога и да е од почетокот на 2000-те.
За една од најгласните поборнички за кратење на буџетите на американската полиција, и активна американска конгресменка, Кори Буш, неодамна се разбра дека за три месеци платила 70 илјади долари на приватно обезбедување.
Најмалку 160 починати е досегашниот биланс од поплавите што неполна недела зафатија десетици градови на една од најмоќните држави на Европа. Материјалната штета е неброена.
Преку 100.000 луѓе протестирале во Франција против најновите мерки на владата со кои се сака да се натераат луѓето да се вакцинираат, првенствено заради опасноста од делта-сојот. Се собрало многу шаренолико друштво, од ројалисти до медицински сестри.
Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.
Најголемата дождовна шума на планетата испушта милијарди тони јаглерод-диоксид годишно, и наместо досегашното забавување на глобалното затоплување таа почна да го забрзува истото.
Звучи како заклучок за Англија од пред 60-70 години, меѓутоа е од пред некој ден и е дел од извештајот за расната нееднаквост на островот испратен до Обединетите нации, во кој се алармира дека начинот на кој Владата се справува со расизмот може да доведе до прекршување на меѓународните човекови права.
Италијанската влада ја прогласи лагуната околу Венеција за национален споменик, со што во пракса во водите на Венеција им се забранува пристап на гигантските крстосувачки патнички бродови.
Владата на Австралија сака да ја крене свесноста околу вакцинирањето со реклама со млада девојка врзана на машина за кислород која се бори да земе здив, и тоа е баш како не треба.
Човечки е од пратениците да се очекува исто ниво на пристојност во пратеничките клупи како што се очекува од првоодделенец во ученичка клупа, на пример, да не зјапаат/скролаат во телефон додека во тек е парламентарна седница.
Земјата со месеци е во хаос што заради протести, што заради немање основна власт, а сето тоа значително помогнато од земјотресот во 2010 кој речиси го срамни со земја Хаити. Вчера по 2-часовна битка пред претседателската резиденција беше убиен и претседателот на земјата.
Што беше поентата на целото уништување, убивање и мизерија која ни ја донесоа? Тоа ги праша новинарите на Ројтерс еден механичар од авганистанскиот град Баграм. „Поарно ќе беше ич да не дојдоа.“
Американците останаа во Авганистан катаљарда години со алиби дека ја подготвуваат домашната војска и другите институции сами да ја контролираат ситуацијата во земјата. Војската сега покажува дека е спремна за она што никогаш го нема вежбано со Американците; да бега по комшии.
Може за сега не сакаат да ја наречат робовладетел, ама за тоа персоналот во кабинетот на американската потпретседателка јавно кажува дека атмосферата постојано е напната и дека „тоа не е место на кое луѓе чувствуваат дека имаат поддршка туку дека се третирани како го*на“.
Добрата вест е што постои начин како да си легнеш како обичен човек а да се разбудиш како милијардер, лошата вест е што тоа може да се случи само и само ако банката згреши.
Калифорнија додаде уште пет американски сојузни држави во кои на своите службеници им забранува да патуваат затоа што имале лоши ЛГБТ закони. Ама затоа , службено да се патува и понатаму може во Саудиска Арабија.
Пофаќајќи по најстариот одбранбен механизам на Македонецот „има и бетер“ треба да знаете дека во град во Пакистан летно време знае да биде измерена горештина од 52 степени Целзиусови.