Меѓу мртвите има една мајка која била излезена со своето дете и биле поклопени од кровна конструкција. Жената починала откако се обидела да го заштити детето од кровот, а детето е извадено и пренесено во болница. Во друга несреќа маж загинал додека се обидувал да го стегне кровот на својата куќа.
Ветровите достигнале брзина од 130 километри на час, а истото невреме зафатило и неколку региони околу Истанбул.
Властите одлучиле еден ден да се паузира наставата во училиштата во градот и околината, и на еден ден забраниле возење мотори и скутери.
ТРТ објавува дека меѓу другото ветрот откорнал 33 кровови во градот, 192 дрва, соборил 52 семафори и сообраќајни знаци и оштетил 12 автомобили.
Заради бурата Босфор е речиси целосно затворен за ферибот и поморски сообраќај, а најмалку 6 лета на Туркиш ерлајнс кои требало да слетаат во Истанбул се пренасочени во Анкара и Измир.
Невреме го зафатило и Измир, а на снимките се гледа како на автопатот во околината на Истанбул ветерот соборува шлепери.