Ако не сака Путин сам, Америка ќе го пензионира?

Доколку рускиот претседател се кандидира и победи на претседателските избори во Русија во 2024, тогаш Америка да не го признае за претседател на Русија, стои во предлогот на американските конгресмени.

Станува збор за предлог резолуција која е меѓупартиска и доаѓа од конгресмени од Демократската и Републиканската партија загрижени за рускиот Устав бидејќи измените што беа воведени во него, биле изгласани на нерегуларен референдум со голем број пропусти.

Заради ова „неговото останување на власт е нелегитимно“ и САД не треба да го признава Путин како претседател на Русија „по 7 мај 2024, доколку автократот остане на власт“.

Според новиот Устав, 69-годишниот Путин по 2024 има право на уште два мандати како претседател на Русија од по 6 години.

За Кремљ, предлогот на американските конгресмени е апсурден и неприфатлив.

„Кога ќе помислиме дека не може посмешни, поагресивни, понепријателски и понеконструктивни работи да дојдат од другата страна на океанот, излегува дека секој пат грешиме.

Ова е совршен пример не само за Русија туку и за сите останати држави, за тоа како САД официјално се мешаат во домашните работи на други нации,“ изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Бидејќи станува збор само за резолуција дури и да биде изгласана, извршната власт нема обврска да ја спроведе.

22 ноември 2021 - 10:57