Кинески Глобал тајмс наведува дека заради борба против пандемијата ќе бидат избегнати масовните покани. Друга работа е што за Кина успехот на настанот е поврзан и со тоа на него да не присуствуваат анти-кинески политичари од Западот.
„Без тие да ги упропастуваат работите, Олимпијадата во Пекинг ќе биде уште повеличествена,“ изјавил неименуван извор за Глобал тајмс.
Во понеделникот, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин, порача дека Зимската Олимпијада е „собир на љубители на зимските спортови и спортисти од цел свет, а не подиум за политичко позирање и манипулација“.
„САД и еден грст земји сакаат да направат проблем од ЗОИ Пекинг и да го поврзат своето присуство со т.нр. проблеми со човекови права. Ова во основа е црна кампања во име на одбрана на човековите права,“ порачал портпаролот.