Новиот канцелар е поранешниот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, чие ветување е дека повторно ќе ја обедини земјата.
„Има премногу работа да се заврши. Пандемијата не е готова и е голем напор врз нашиот народ.
Наша цел мора да е да ја прекинеме поделбата во нашата земја и да се бориме против вистинскиот непријател на нашата слобода и со тоа да ја стекнеме довербата на луѓето,“ порачал Нехамер.
Претходникот на Нехамер, минатиот месец одлучи од февруари да се почне со задолжително вакцинирање против ковид-19.
Во саботата во Виена над 40.000 луѓе излегоа на протести против планот за задолжително вакцинирање и актуелните мерки против ковид.
„Главната намера сега мора да биде да им покажеме точно на оние кои се уплашени и загрижени дека ги слушаме, и дека сериозно ги сфаќаме, и во исто време дека правиме се за да се справиме со вистинскиот непријател... коронавирусот,“ порачал Нехамер.
Нехамер доаѓа на позицијата како замена на Александер Шаленберг кој пак го замени Себастијан Курц, кој си поднесе оставка по обвинувањата за корупција. Минатата недела Курц, кој ги отфрла обвиненијата, објави и дека комплетно се повлекува од политиката, па сега Нехамер е претседател и на Народната партија на Австрија.
Чисто да ѕирнеме каков тоа трауматичен скандал требало да се случи за да се даде оставка во овој паралелен Универзум:
„Обвинителството се сомнева дека соработници на Курц искористиле јавни фондови за тајно да нарачаат манипулирана анкета која беше објавена во весник со цел да му помогне да дојде на власт во 2017, истата година кога стана лидер на ОВП а потоа и канцелар“.
Значи немало „Рекет“, немало „пола евро“, немало фондови за иновативно финансирање пријатели, имало анкета објавена во весник.