Британска влада не штеди пари за клучни каузи

3 милиони фунти од буџетот на Британија се потрошени на 4-годишно следење на искуствата на бремени мажи и судбината на транс луѓето во Либан, како дел од пакетот за трансродови истражувања.

Парите доаѓаат од квази-невладината „UK Research and Innovation“, финансирана од министерството за бизнис, енергетика и индустриска стратегија.

Меѓу другите проекти кои се закачени на овие пари се Проектот за реформирање на легалниот родов идентитет и проектот кој се занимава со трансродовите романтични врски.

Критиките за ова се дека парите само се фрлени на програми во корист на „разбудената“ агенда.

„Даночните обврзници очекуваат парите да одат кон револуционерни проекти и иновативни технологии, но наместо тоа тие се трошат на терање нечии правдини.

Сегашниот систем правилно ги оценува проектите преку процесот на апликација, но му недостасуваат ефикасни мерки за да ја процени вредноста што ја добива за парите од оние кои веќе беа финансирани,“ објаснува првиот човек на Алијансата на даночни обврзници, Џон О’Конел.

9 ноември 2021 - 11:23