Британски војник бара 1 милион евра отштета затоа што му студело

Припадникот на гардата на Кралицата, Чилеше Мвамба, ја бара отштетата од британското министерство за одбрана заради студот што го претрпел дури бил на вежби во Естонија, каде по негови зборови бил изложен на екстремно студени температури.

Од студот Мвамба стекнал „не-замрзнувачки повреди“, траен ПТСД и дткање од кое кога зборува тој е едвај разбирлив.

Половина од парите што ги бара е заради изгубени идни приходи бидејќи дткањето влијае на можноста да се вработи.

Се работи за вежбата ЦАБРИТ од 2017 во кое се тестираше сценарио за одвраќање на руска агресија на Балтикот. Мвамба бил распореден во Естонија меѓу 10 ноември и 3 декември 2017. Зимската температура во Естонија знае да падне до -23 но и покрај тоа држи некој просек од -8 степени Целзиусови.

Од министерството на Мвамба му го прифаќаат само барањето за оштета за повреди, не и за изгубените приходи.

На вежбите беа испратени над 800 британски војници, од кои само Мвамба се пожалил на проблеми.

7 декември 2021 - 15:50