До сега Крис имаше признаено дека го „советувал брат му и неговиот тим како да реагираат на скандалот“, меѓутоа документите покажаа дека тој имал далеку поголема и подлабока улога од тоа што претходно се знаело.
Куомо помладиот активно бил во контакт со Мелиса Дероса, главната соработничка на гувернерот, околу новите извештаи што доаѓале за сексуалното малтретирање од Ендру. Тој исто така лобирал за да се помогне канцеларијата на гувернерот, и диктирал изјави што гувернерот требало да ги употреби.
Во пораките до Дероса објавени како докази од обвинителството, Куомо и пишува „имам информации за девојката од свадбата“, и „те молам дозволи ми да помогнам во подготовките“.
Крис на истражителите им признал дека имал контакт со „извори“ околу различни обвинувања против брат му, како и тоа дека разговарал со своите извори од медиумите околу стории кои допрва требало да се објават.
„Кога ќе беше побарано, јас контактирав други извори, други новинари за да видам дали некој друг излегува со обвинение,“ изјавил Крис Куомо.