Додека низ Париз стотици луѓе протестираа против Земур, во салата во предградието на Париз околу 15.000 лица (или 12 илјади, зависи кој брои) се собраа за почетокот на кампањата и премиерата на новата партиja Реконквиста (Ре-освојување).
Како што Земур одеше кон бината, непознато лице успеа да го зграби за врат со двете раце, но за кратко време беше совладан од обезбедувањето па приведен. Не познато кој е човекот, ниту што му било мотивација.
Нешто подоцна, сред говор на Земур, во публиката стануваат неколку активисти кои носат маици на кои е испишано „Не за расизмот“. По ова стануваат неколку симпатизери на Земур и почнува масовната тепачка. Наводно двајца од активистите биле крвави кога го напуштале аудиториумот.
Борбата на Земур на овие избори е директно против Макрон, кој на секое споменување на митингот беше исвиркуван, и против Мари Ле Пен меѓутоа со нејзе за неформалната позиција лидер на француската крајна десница.
За сега во борбата кај десницата Мари Ле Пен има повеќе гласови и доверба од гласачите. Според последните анкети, ако денес се одржат избори Земур би бил елиминиран уште во првата рунда, а Мари Ле Пен би изгубила во втор круг од Макрон.
Ветувањата на Земур главно се на тема мигранти, не-бела раса и зауздување на Исламот во Франција, односно дека ќе ја намали миграцијата речиси на нула ако биде избран и дека ќе го заостри процесот за натурализација, плус ќе ги прогони сите што биле одбиени за азил или што немаат документи.
Тој во повеќе наврати зборува за тоа дека Французите се во опасност да бидат „заменети“ со имигранти, што е отприлика содржината на теоријата за „големата замена“ на белата популација во Европа (и САД) со не-бели народи.