Свет

Обид за утеха за горештините

Пофаќајќи по најстариот одбранбен механизам на Македонецот „има и бетер“ треба да знаете дека во град во Пакистан летно време знае да биде измерена горештина од 52 степени Целзиусови.

Ким Џонг Ун ослабел „за лајкови“?

Кога после пауза од месец дена се појави ослабен во јавност, коментарите беа дека новата килажа на Ким Џонг Ун е заради здравствени проблеми. Откако малку подлабоко анализираа, сега експертите се на став дека владетелот на Северот ослабел заради поголема допадливост и корист за пропагандата.

Убијците на Кашоги биле обучувани во САД

Не биле обучувани конкретно за да го елиминираат и распарчат 60-годишниот новинар, и не биле обучувани директно од американските безбедносни сили, меѓутоа имале обука во САД од поранешни американски војници и тоа со дозвола од американскиот Стејт департман.

Дутерте: У гз ќе ви ставам вакцина!

Живописниот лик Роберто Дутерте, од функцијата претседател на Филипини, се закани дека ќе ги апси оние кои не сакаат да се вакцинираат. А кога се веќе уапсени, лесно ќе биде да се имунизираат.

Како Северна Кореја за малку ќе украдеше 1 милијарда долари

На севернокорејските хакери им останаа уште 81 милион долари да бидат префрлени од Националната банка на Бангладеш пред комплетирање на трансферот од речиси милијарда долари кога од чиста случајност операцијата била прекината заради расипан принтер.

Швајцарците ги одбија новите еколошки такси

Мнозинството гласачи на Швајцарија, на референдум гласаа против воведувањето на мерките со кои владата планираше да ги постигне целите од Парискиот климатски договор. Мерките ќе вклучуваа нови такси на бензинот и авионските карти, ќе предизвикаа поскапување на превозот и на другите поврзани производи и услуги.

Кој што прави, Трамп дава интервјуа за книги

Доналд Трамп има дадено најмалку 22 интервјуа за 17 различни книги од моментот кога излезе од Белата куќа, и уште има автори што чекаат на ред за разговор.

Бразил не заборава дека доцна доби вакцини

Бразил надмина 500.000 жртви од ковид, првенствено заради задоцнетото набавување вакцини. Против човекот кој се смета за највиновен се протестира во преку 40 градови во државата.

Пијани германски војници пак паднаа на Хитлер

Околу 30 германски војници се отповикани од воените вежби во Литванија заради обвинување за расистичко и антисемитско однесување, надополнето со сексуално насилство.

Бајден му дал на Путин „не пипај“ список

Проблемот со сајбер-напади САД за сега го решија со предавање на Путин на список на 16 круцијални инфраструктурни „ентитети“ кои не смеат никако да бидат допрени од сајбер-напад, под закана дека САД ќе возврати на свој начин.

Ербиенби им плаќа на туристи по 7 милиони долари после силување

Австралијанка добила исплата од Ербиенби во износ од 7 милиони долари откако под закана со нож била силувана во стан во Њујорк во 2015 изнајмен преку платформата.

Почина таткото на најголемото семејство на светот

Не е титула која се дава тек така, туку повеќе искажан факт, 76-годишниот Зиона Чана беше татко на 94 деца од вкупно 39 жени и дедо на 33 внуци/внуки.

Бајден и Г7 дадоа амин за одржување на Олимпијадата

Јапонскиот премиер од самитот на Г7 заминува со поддршката од сите негови колеги дека Токио 2020 треба да се одржи во закажаниот термин.

4 масовни пукања во САД во рок од 6 часа

Нападите целосно неповрзани се случуваат во 4 различни градови и завршуваат со 39 ранети лица и 6 убиени, а полицијата предупредува дека ова е само најава за проблемите што ќе престојат летово.

Тексас ќе продолжи каде што Трамп застана

Американската сојузна држава наскоро ќе излезе со нов план за изградба на ѕид на границата со Мексико, затоа што „кризата на границата не е за смеење“.

Токио 2020: Казни неброени

Официјалниот став на Меѓународниот олимписки комитет е дека откажувањето на Олимпијадата во Токио би било премногу сурова жртва која ќе треба да се наметне на илјадници спортисти од кои некои цел живот работеле за да стигнат до таму. До сега МОК нема ништо спомнато за пари.

Г7 ќе бараат од СЗО нова истрага за потеклото на ковид-19

Освен што ќе донираат 1 милијарда дози на вакцини против ковид-19, првите луѓе на Г7 сакаат инспекторите на СЗО да се вратат назад во Вухан и одново да започнат истрага за потеклото на пандемијата.

Грците го забетонираа Акропол

Историската локација која според дел од архитекти нема потреба од какви било унапредувања, доби унапредување во форма на бетонски патеки и уште неколку бетонски појави на барање на друг дел од архитектите.

Која е судијката која сакаше да го ослободи Ратко Младиќ?

Од одлуката за потврдување на доживотната казна затвор за Ратко Младиќ, своето мислење го издвои судијката која претседаваше со жалбениот совет. Мислењето зошто не е убедена во оправданоста на пресудата и казната го објаснила на 60 страници.

Портрет на Елизабета Втора отстранет од Оксфорд

Под обвинение дека сликата е симбол на „скорешната колонијална историја,“ од заедничката просторија на еден од колеџите на Универзитетот Оксфорд беше симнат портрет на се уште актуелната британска кралица.

Сепак Кина, а?

Го обвинуваа Трамп дека премногу е фокусиран на Кина и дека поради таа негова лична опседнатост, САД ги запоставува своите други гео-стратешки приоритети. Сега одвоија 250 милијарди долари за да го зауздаат економскиот и политички раст на Кина.

Државата од 4 милиони луѓе која не постои

Не само што се четири милиони жители, туку имаат и своја валута, знаме, химна, полиција, војска, а и одржуваат демократски избори, многу помирни отколку нивните етаблирани соседи. Па сепак, тешко да ги најдете на некоја политичка карта на светот.

Брегзит и за англискиот јазик во ЕУ

Франција планира да го искористи своето претседателство на Европскиот совет за укинување на англискиот јазик од состаноците на Унијата.

Џеф Безос ќе патува во вселената со брат му

Довербата што најбогатиот човек на светот ја има во својата компанија за вселенски летови е на ниво што тој, ем брат му, ќе бидат првите патници на првиот лет со луѓе на Блу ориџин.