Парите се дел од пообемен план на јапонската влада за помагање на економијата, кој опфаќа и посериозни инвестиции во зелени технологии и производство на чипови.
Еден од коалиционите партнери, помалиот, бара сите пари да бидат дадени во готовина, додека Либерал-демократската партија, главната партија во владата, бара да се воведе граница по ниво на приход за делење на парите. На крај се договараат да помошта да важи за сите, но да биде поделена 50-50 меѓу ваучер и готовина.
Предлогот на ЛДП беше границата да се постави на 9,6 милиони јени (73.000 евра) годишни приходи по домаќинство, и помошта за деца да ја добијат сите што се под оваа граница.
Планот е прво да биде исплатена готовината, а некаде на пролет ќе бидат поделени и ваучерите.
Последен пат Јапонија делеше помош за сите свои граѓани на почетокот од пандемијата, во времето на Шинзо Абе, кога на секој жител му беа дадени по 100.000 јена.