Наместо досегашното кошкање по тајни премини во мали групи од десетина луѓе, сега колона од стотици бегалци по главниот белоруски автопат тргна кон границата со Полска. Како што бегалците се приближуваат кон граничниот премин така од полска страна се просторот се пополнува со војници, полиција и територијална одбрана.
И Полска и ЕУ и НАТО ја обвинуваат Белорусија дека намерно ги организираат бегалците со цел да направат поголем инцидент и конфронтација.
Сите овие бегалци стигнаа во Белорусија со авион, речиси со покана, па од таму се организираат да продолжат кон ветената земја.
Белоруската страна на приказната е дека само кај нив имало мигранти кои сакаат да влезат во Полска, и не се никако организирани од нив, туку тие само внимаваат на мигрантите и се грижат безбедно да се движат низ земјата.
Полска годинава има пријавено 23.000 нелегални минувања, од кои речиси половина се во октомври. На најголемиот дел од нив крајната дестинација им е Германија.
Заради проблемот што им го направи Белорусија, Полјаците почнаа да градат стотици милиони евра скап ѕид на границата со Белорусија, а сличен проект започна и Литванија.