
Камионџијата има околу 2.000 гласови повеќе од актуелниот сенаторски претседател на Њу Џерзи и се очекува изборната комисија да ги потврди резултатите и да го прогласи Дур за победник во тој дистрикт.
Губитникот, Стив Свини е главна политичка фигура на Демократите во Њу Џерси а Дур цени дека во суштината на неговата победа е семејството.
„Главно прашање се правата. Луѓе зборуваат за тоа како Њу Џерси има најголеми даноци, како е најлош за водење бизнис, како има огромен долг. Но, на крајот на краиштата, најважни се правата, најважно е семејството. Кога некој си игра мајтап со твојата фамилија, подготвен си сè да направиш. Гувернерот тоа го правеше, играше мајтап со фамилиите. Кога реметиш нечија работа, нечие маало, нечиј дом или децата, луѓето тоа не ти го простуваат“, вели Дур.
Смета дека официјалните политики во пандемијата создале перфектни услови за негова победа.
„Гувернерот се однесуваше како крал, а сенатскиот претседател како дворски шут. Кога ги игнорираш луѓето, тие стануваат гневни“.
Дур собрал околу 10.000 долари во донации но извештајот на изборната комисија покажа дека за примарните избори тој потрошил само 153 долари. 66,6 долари е сметката во Данкин донатс за кафиња и крофни за волонтерите а 86 долари отишле за печатење флаери.
Завршните сметки ќе бидат нешто поголеми и тој проценува дека има потрошено вкупно меѓу 8.000 и 9.000 долари, за флаери, знаци и видеото кое ќе го видите подолу, кое во меѓувреме стана вирално. Одел од врата до врата, разговарал со луѓето, во некои денови препешачувал од 6 до 8 часа.
Од другата страна на трката, неговиот противкандидат Свини собрал речиси еден милион долари од донации. За него донирале топ фирми од Њу Џерси, меѓу кои Ексон и НЏ Банкерс, политички инфлуенсери и корпорации, синдикати....
Свини потрошил половина од парите, поточно 490.000 долари. За да изгуби од 58 годишниот камионџија и овие негови пораки: