Токму намалувањето на патувањето со авион ќе биде една од темите и едно од потенцијалните решенија за спасување на човештвото од глобалното затоплување.
Конзервативните пресметки се дека флотата на приватни авиони кои доаѓаат на КОП26 ќе создадат околу 13.000 тони јаглерод-диоксид, што е еднакво на количеството што годишно го создаваат над 1.600 Британци.
Меѓу луѓето кои ќе си заминува од Глазгов со авион беше и Борис Џонсон, кој е еден од малкумината што имаат директна железничка линија со Глазгов.
На конференцијата дојде и Џеф Безос, нормално со приватен авион, кој пристигна директно од Турција каде беше на 66-от роденден на Бил Гејтс, кој се славеше на јахта што се изнајмува за 2 милиони долари неделно.
Инаку од овие 13.000 тони јаглерод-диоксид, само Бајден со својата придружба ќе произведе околу една илјада.
Се дозна дека и ЦЕО-то на Скај, кој е еден од главните спонзори на самитот, редовно користи приватен авион за да лета од Британија до нејзиниот дом во САД оддалечен околу 5.600 километри.
На аеродромот во Глазгов имало толку гужва што некои авиони откако ги оставиле своите ВИП патници, морале да паркираат на друг аеродром оддалечен 50 километри. Некои уште од старт слетале во Единбург, па потоа патниците со возила биле пренесени до Глазгов. Пример, авионот на Борис Џонсон 20 минути кружел над Глазгов додека да му дојде редот за слетување.
„Бизнис и државните лидери кои пристигнуваат на климатски преговори со приватни авиони, се слика за тоа колку тие немаат допир со итноста што ја чувствува јавноста околу решавање на климатската криза.
Секој од овие авиони во својот 3-часовен повратен лет подеднакво ја загрева планетата колку и еден Британец за цела година,“ изјавил на директорот на групата Транспорт и животна средина, Грег Арчер.