
Околу 270 богати поединци добиле државни стимулации уште во првата рунда на вонредна помош поради пандемијата иако заедно имаат 5,7 милијарди долари.
Парите ги добиле откако вешто ги наштимале своите даночни профили и ги спуштиле своите вкупни приходи, во некои случаи, на нула. Според законот, помош од 1.200 долари по човек, односно 2.400 долари по венчана двојка, им следува на оние кои заработиле помалку од 75.000 односно 150.000 долари.
Меѓу милијардерите кои добиле субвенции е Џорџ Сорос, кој тежи 7,5 милијарди долари според индексот на Блумберг, како и финансиерот Ајра Ренерт, со богатство од 3,7 милијарди долари, пренесува CBS. Претставник на Сорос рекол дека не биле побарани пари за помош а чекот бил вратен.
Богатите главно не барале пари за помош но даночниот систем на САД автоматски ги ставил во таа група, токму поради нивната вештина да ги шминкаат своите даночни профили и со безброј финти да прикажуваат намалени добивки.
За време на пандемијата, колективното богатство на околу 700 американски милијардери се има зголемено за 2 трилиона долари.
*********
Види и: