Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, раскажува дека на првиот состанок со Путин рускиот претседател порачал дека сака Русија да биде дел од Западна Европа.
„Путин рече: ’Кога ќе не поканите да се приклучиме во НАТО?’ А јас му реков: ’Не каниме луѓе да се приклучат во НАТО, тие аплицираат за приклучување во НАТО.’ И потоа рече ’Ние нема да чекаме во ред со сите тие држави што не се битни’,“ раскажува Робертсон дел од состанокот со Путин.
Ова што го кажува Робертсон е слично на тоа што Путин го зборува во интервју за Би-би-си пред да биде назначен за претседател на Русија пред 21 година, кога тој изјави дека не би го исклучи приклучувањето кон НАТО „ако и кога ставовите на Русија ќе бидат земени предвид како на рамноправен партнер.“
Во истото интервју Путин изјавува дека за него е тешко да го замисли НАТО како непријател:
„Русија е дел од европската култура. И јас не можам да замислам мојата држава да биде изолирана од Европа и она што често го нарекуваме цивилизиран свет.“