Во Калифорнија се појави сепаратистичка република

Заради несогласување со ковид мерките на властите на Калифорнија, лидерите на градот Оровил на северот на сојузната држава, одлучија да прогласат уставна република врз која калифорниските власти немаат никакви овластувања.

На состанок на градскиот совет, по решавање на прашања како лизинг на фотокопир машина за 219 долари месечно, советниците на Оровил изгласале декларација која го прогласува Оровил за „Уставна република град“.

Со декларацијата тие повеќе не ја признаваат власта на извршните органи на Калифорнија и Федералната влада, објаснувајќи дека и покрај тоа не планираат да се отцепат од Калифорнија и САД.

Главна мотивација за овој потег е одлуката на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, за вакцинирање против ковид-19 на сите деца на училишна возраст, како и задолжителното носење маски. Оровил и памти на Калифорнија и за лошата и ненавремена интервенција за време на огромните пожари кои го зафатија градот.

Вајс решава за проблемот да разговара со американските власти, и како што пренесува Стејт департментот одбил да одговори на нивните конкретни прашања, пример дали ќе ја признае републиката, „колкава закана е таа за 245 години старата политичка унија“ и што има да им каже на Американците кои се плашат дека „нивните заедници може да бидат анектирани од насилните сепаратисти од Оровил.“

Тие се обидуваат да добијат некои дополнителни информации и од Пентагон околу безбедносната криза која им се случува на нивна територија, и дали веќе некој почнал да планира можна инвазија на Оровил и дали воопшто ќе започнат војна против републиката. Таму „портпаролот одбил да отфрли“ дека не се подготвуваат за војна и ги препратил да прашаат во Белата куќа.

Во Белата куќа одбиле да им одговорат. Слично не добиле одговор ни од канцеларијата на Њусом, на прашањата дали се во тековна комуникација со Бајден и дали не претставува слабост тоа што уште немаат испратено војска во Оровил. Сепак од таму пуштаат изјава во која порачуваат дека властите на Оровил „решиле да го загрозат здравјето и безбедноста на своите граѓани водени од залудени обиди за спротивставување на научниот консензус.“

Републиката трае веќе два месеца.

7 декември 2021 - 13:50