Свет

Грчкиот поп во Лион бил застрелан заради швалерај

Француското обвинителство објави дека осомничениот кој признал дека пукаше во грчкиот поп во Лион, тоа го направил заради лични недоразбирања.

Џо Бајден победи на изборите во САД

Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.

Путин се сака со доживотен имунитет

Група руски пратеници, сами од себе, истовремено, дојдоа на идеја да предложат закон кој доживотно ќе им даде имунитет на сите руски претседатели по завршувањето на мандатот.

Луѓето што ставија милиони долари кладба на Бајден и Трамп

Во САД кладењето на избори не е дозволено, ама затоа Европа и Азија растурија со ставање ливчиња на исходот од претседателските избори.

Трамп ѝ обезбеди иднина на Републиканската партија

Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“,  се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.  

Додека не почнале да ни ги читаат мислите

Низ процедурите на шкотскиот парламент регуларно созрева нов закон со кој не само што ќе се криминализира говор на омраза кон дузина теми туку ќе се криминализира и говор на омраза изречен по дома. 

Ризикот за Бајден е дека и да биде претседател, ќе биде безгласна буква

Вистинската лекција од рекордно бројната излезност во вторникот и се уште тековното броење гласови е дека Америка е горко, силно, речиси еднакво поделена и дека речиси не може да се владее со САД.

И Трамп да изгуби, Демократите не го победија

Овие избори повеќе се национален референдум за Трамп и неговите радикално поинакви политики, отколку избори меѓу два кандидата. Во таа смисла, со оглед на бројот на црни и латино гласови кои Трамп ги додаде на свое конто, Демократите не можат да бидат задоволни со исходот на референдумот.

Што ќе се случи ако американските избори завршат на Врховен суд?

Во 2016 победникот на изборите во САД беше прогласен околу 2 и пол часот наутро (по источно време). Сега трката уште трае, Белата куќа објави дека претседателот се повлекува и нема повеќе да дава изјави за денес, меѓутоа тој претходно најави дека ако треба ќе ги оспори резултатите и пред Врховниот суд.

Без разлика кој ќе победи во САД, анкетарите повторно излегоа лузери

Увереноста со која анкетарите зборуваа за брза и голема победа на Бајден беше поголема и од дебаклот во 2016 кога Хилари уште во септември ја гледаа како победник. Откако четири години ги прочистуваа и унапредуваа своите методологии, анкетарите годинава се колнеа во три работи: лесна победа на Бајден, преземање на Сенатот од демократите и зголемување на нивната предност во Претставничкиот дом. Ништо од ова не се случи, плус им се намали предноста во Претставничкиот дом.

Франција ќе се објаснува пред муслиманските држави што сакал Макрон да каже?

Макрон неодамна искажа некои свои ставови околу секуларноста и слободата на изразување. Па муслиманите искажаа гнев кон тоа што го збореше францускиот претседател, па сега Франција ќе се доискажува поединечно кај дел од муслиманските земји кај кои имаат проблем.

Тесно е, Трамп верува дека победил

Се пребројуваат гласови, Трамп прогласи победа, Твитер му стави етикета дека тврдењето е спорно. Класична 2020 година.

Европа нема да го дочека вториот круг заклучувања во домашна атмосфера

Минатата недела повеќе од половина од сите заразени од ковид-19 во светот беа од Европа, заради што лидерите низ континентот се редеа на националните телевизии и со обесен поглед најавуваа дека нивните држави за жал ќе мора повторно да одат под клуч. Ова се истите лидери кои пред 6 месеци најавуваат дека во октомври и ноември ќе биде најлошо, и пак останаа изненадени.

Зошто на Женева и треба месечен минималец од 3.740 евра?

На крајот од септември граѓаните на Женева на референдум прифатија дека минималецот во нивниот град треба да биде 23 швајцарски франци (21,5 евра) од час, што на крајот од месецот изнесува фини 4.000 франци или 3.740 евра.

Срамниот либерален молк за Франција

Дури и после бруталниот колеж во Ница, премногу западни либерали се фасцинтно молчаливи околу џихадот врз Франција. Нема хаштази, нема лути и праведнички коментари, нема гласна солидарност со францускиот народ и заклетви за одбрана на прочуените вредности на француската реепублика. А од бучавата на самопрогласените анти-фашисти човек обично и своите мисли не може да ги слушне.

Дали ужасот од нехигиена ја спаси Индија од ковид-19?

Индија со целиот свој капацитет да ги има најкатастрофалните бројки во глобалната пандемија на крај заврши под светскиот просек по бројот на починати на милион жители. Излезе дека цело ова време тоа нехигиената ги тренирала за ковид-19.

Русија почнува со масовна вакцинација за месец дена

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека градот ќе почне да спроведува масовна вакцинација на населението во периодот декември-јануари.

Руски војници упаднаа во руски аеродром

И целата работа е завршена многу руски: на пијано и со тенк.

Трамп веќе има списокот за пост-изборна чистка

Директорот на ФБИ, директорката на ЦИА и првиот човек на американската одбрана, се на списокот на Трамп за отпуштање по изборите доколку тој остане претседател на САД.

Франција ги повика Арапите да не се напињаат околу Мухамед и да продолжат да трошат пари

Во уште една битка околу тоа чие право е поважно, дали правото да се објави нешто или правото да се навредиш од нешто, Франција побара Арапите да не го активираат правото на не купување француски производи.

На Трамп ќе може да му го гасат микрофонот на следната дебата

22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.

Азбест го смени името

Канадско гратче именувано по денес озлогласениот материјал реши да го смени името. Имале гласање и за разлика од овде, се инсистирало на  мнозинство.

Шпиони оставени на чистина

Британските шпиони се пожалија дека тешко се обавува нивната работа во услови на ковид пандемија бидејќи не е лесно незабалежано да следиш човек на полупразни улици.

Макрон повторно го враќа Париз под вонредна состојба

Жителите на Париз и уште осум други градови ќе мора да седат дома секој ден во следните 4 недели од 21:00 до 6:00 наутро, откако само денес во Франција беа потврдени 22.951 нов случај на ковид-19.