Официјалната верзија е дека жртвите загинале обидувајќи се да ја прекачат железната ограда која го дели градот од остатокот од Мароко и Африка, додека снимките пак покажуваа како мароканските безбедносни сили со палки се обидуваат да ја стават во ред толпата мигранти.
Според мароканското МВР во судирот загинале 23 лица, според невладините / хуманитарни организации, има 29 загинати.
Шпанија за организираниот упад ги обвинува „мафиите што шверцуваат луѓе“ и дека тој претставува напад на територијалниот интегритет на Шпанија. Од шпанската полиција изјавиле дека мигрантите во обидот да влезат во Мелила против безбедносните сили користеле стапови, ножеви и киселина.
Во стампедото на над 2.000 мигранти биле повредени 176 марокански полицајци и 49 шпански граничари.