
Судијата Кларенс Томас во својата писмена забелешка по повод поништувањето на одлуката во случајот „Ро против Вејд“ порачува дека после пресвртот околу преседанот за правата на абортус, Врховниот суд треба да ги разгледа и претходните пресуди за контрацепција, истополовите односи и самата институција на истополови бракови.
„Во идните случаи, треба да ги преиспитаме сите суштински преседани на судскиот процес“, напиша Томас.
Конкретно се работи за три случаи.
Во пресудата во „Гризволд против Конектикат“ од 1965 година, Врховниот суд го имаше заштитено правото на приватност на венчаните двојки и забрани мешање на државата во користењето контрацепција. Накратко, на државата ѝ е забрането контрацепцијата да ја забранува.
Во „Лоренс против Тексас“ од 2003 година, Врховниот суд ги поништи законите за содомија со што се легализираше истополовата сексуална активност на територија на цела држава.
Се пресудата во случајот „Обергфел против Хоџис“ од 2015 година, Врховниот суд реши дека истополовите двојки имаат право да се венчаат во сите 50 федерални држави на САД, повикувајќи се на уставот и клаузулите за еднаква заштита на граѓаните.
„Имаме обврска да ги корегираме грешките,“ напиша судијата Томас по повод гласањето за абортусот.
Кларенс Томас е судија со најдолг стаж во американскиот Врховен суд. Роден е 1948 година а врховен судија станува во 1991 година, по предлог на тогашниот американски претседател Џорџ Буш постариот.