САД во проектот ќе учествува со 200 милијарди долари, кои ќе ги даде на борба со климатските промени, унапредување на глобално здравје, родова еднаквост и дигитална инфраструктура. Плус очекуваат стотина милијарди долари од „други“ институции.
Европа пак за истиот период ќе даде 300 милијарди евра (317,28 милијарди долари), за „изградба на одржлива алтернатива на кинеската иницијатива“.
„Инфраструктурниот план прв пат беше објавен пред една година, на минатогодишниот Г7 во Британија, меѓутоа од тогаш е направен малку прогрес и програмата беше преименувана.
Во 2021, таа се викаше ’Да изградиме подобар свет’ по сличната иницијатива што Бајден ја имаше во САД, меѓутоа имплозијата на неговата домашна агенда доведе до ново име на програмата ’Партнерство за глобална инфраструктура’.
Ова ќе биде термин кој ќе ги опфаќа и европските и британските програми,“ објавува Политико.
Кинезите со своите пари од 2013 градат патишта, пристаништа и аеродроми низ стотина најсиромашни држави на светот, со намера да изградат модерна верзија на Патот на свилата.
Секако надлежните кинески тролови не пропуштија да го забележат ова: