За Кремљ војната ќе заврши кога Украина ќе се предаде

Само Зеленски нека и нареди на војската да го положи оружјето и војната завршува, порача портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков.

„Украинската страна може да стави крај на сè до крајот на денешниот ден.

Потребна е наредба националистичките единици да го положат своето оружје, наредба за украинската армија да го положи оружјето, и исполнување на условите на Руската федерација.

Сето ова може да биде постигнато до крајот на денот... Сè останато е во мислите на лидерите на украинската држава,“ изјавил Песков.

По првичните лицитирања со датуми од западни функционери / медиуми за тоа до кога и како треба да биде завршена војната, последното што го кажаа руски високи функционери е дека војната никогаш немала краен рок за завршување. Истото го повтори и Песков.

За разлика од бланко поддршката од почетокот на војната, која во теорија уште трае, изминатиот месец западот повеќе е свртен кон Зеленски и украинскиот народ, со мисија да го убеди дека што е до нив тие ќе помагаат, меѓутоа треба да почне да се размислува за предавање и отстапување територија на Русија.

29 јуни 2022 - 09:23