Балкан

За табиетот на Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија ја упропасти меѓународната конфенренција за Кипар успевајќи уште првиот ден да се испокара со сите, вклучувајќи го и првиот човек на ООН. Гутереш не сакал со Коѕијас ни во иста просторија да биде.

Комунистите го исфрлија од партија внукот на Јосип Броз

Комунистичката партија го смени од функцијата претседател и целосно го исфрли од партија Јошка Броз. Неговиот дедо своевремено на "бомбашкиот процес" изјави "Не го признавам овој суд, јас го признавам само судот на својата партија!" Овој па ни тоа не признава.

Што ќе правеа паметните да не бевме ние лудите да чистиме по нив?

Приказна за една босанска пензионерка која секој ден, точно во исто време излегува од дома и го чисти градот од ѓубрето кое го фрлат нејзините сограѓани.

Личен банкрот како единствен излез од должничкото ропство

Веќе една година Хрватска овозможува да се прогласи личен банкрот, доколку човек нема начин да ги врати долговите а тие му достигнуваат 4.000 евра.  Хрватски лекар кој се решил на ваков чекор топло препорачува. Леле овде кога ќе тргне карта.

Југословенските „Момци од Медисон“

Во прашање е бизнис-ориентација, а не филозофија на потрошувачко општество, гласеше мотото под кое загрепската маркетинг-агенција Озеха од 1945-та на југословенските претпријатија им го продаваше капитализмот спакуван како социјализам.

Капитализмот ја увери работничката класа дека е средна класа

Работничката класа (во Хрватска) отиде во рајот и целосно исчезна од свеста на стотици илјади луѓе, кои погрешно мислат дека и припаѓаат на средната класа. Работништво не е само оној мал број вработени во индустријата, туку и големиот број невработени, неплатени или привремени работници во услужниот сектор, порачуваат два антрополози од Универзитетот во Загреб.

Зошто би бранел човек обвинет за убиство?

Прашањето не е поставено како филозофска дилема, туку чисто професионално. Одговараат тројцата најпознати адвокати во Србија, кои досега создале прилично обемно портфолио на темата бранење луѓе обвинети за убиство.

Словенија ја додаде водата како уставно право

Парламентот го изгласа амандманот според кој обилните резерви на чиста вода на земјата се "јавно добро управувано од државата" а не "пазарен производ". Со амандманот пристапот до вода станува основно човеково право, и таа повеќе не може да биде комерцијализирана (пакувана и продавана).

Сириските бегалци што им плаќаат на шверцери за да ги вратат назад

Тоа што бегалците веќе не се "трендинг" не значи дека нешто е средено, туку само дека повеќе не пешачат по европските автопатишта па на никого не му прават незгодно. Во меѓувреме европските политики за бегалците, ретко кога успеваат, а ситуацијата во грчките кампови е толку лоша што Сиријците немаат друга опција освен да се вратат од кај што дошле.

Србија и Трамп, драма во три чина

Политички магазин од Србија, притоа и еден од најчитаните, објавува ексклузивно интервју со Трамп, во кое републиканскиот кандидат се подава да исправи барем една од светските неправди нанесени на српскиот народ, и им се извинува за НАТО бомбардирањето од пред речиси две децении (да, толку пројде).

Мрачната страна на успешната туристичка сезона

Тост од 6 евра, бубачка во пица, пијан келнер, жив помфрит, туристка што паднала од велосипед па полицијата и ја донела казната во болница, се само дел од инцидентите што Вечерњи ги наведува од годинешната туристичка сезона во Хрватска.

Еврејската држава Албанија

Во 1935 британски ционист новинар, Лео Елтон патува во Албанија со цел да ја разгледа можноста таму да биде воспоставена модерната еврејска држава.

Кога Балканот им помагаше на работниците во Шведска

Насловот звучи како кромид или како некоја ретро сатира, но не е; навистина постоело време кога на просторите на поранешна Југославија се собирале донации за поддршка на обесправената и угнетена работничка класа во Шведска.

Ако може Српска да прави референдум, зошто да не може и Војводина?

Првиот човек на Лигата на социјал демократи на Војводина, Ненад Чанак повикува жителите на покраината да се изјаснат на референдумското прашање "Дали граѓаните ја прифаќаат срамната одлука на Уставниот суд на Србија за укинување на статутот на Војводина и дека Нови Сад не може да биде наш главен град."

Јаболко на ќотекот

Поставување на сцена: Јужна Србија, маж со автомобил влегува во овоштарник и почнува да бере, краде, јаболка. Човекот верува дека ова е државно земјиште, и не е нешто посебно преплашен од можната казна. Тогаш во дејствието се појавува втор маж, сопственикот на овоштарникот. Сепак не било државно земјиште.

Духовите кои чекаат шанса да се префрлат во Македонија

5 порции бамји, 4 порции пилешко, 4 салати и 10 шишииња вода. Вака изгледа една вообичаена телефонска нарачка во кантината во Идомени. Нарачките немаат адреса на доставување. Но, се носат.

Премиерите кои се разбираат во сè

Знаете ли вие што се чери томато? - праша старо-новиот српски премиер во неговото фиделкастровско експозе кое го читаше скоро 6 часа. И потоа им објасни на пратениците. Не може попогрешно.

Како денес изгледа централата која ја бранеше Валтер

Од фашисти нешто човек и ќе успее да одбрани ама од тивката корозија на балканскиот јавашлук и бахатост - тешко. 

Балкану акбар

Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Романија се шест од вкупно осумте држави кои од почетокот на војната во Сирија, имаат одобрено испорака на оружје и муниција во вредност од 1,2 милијарди евра на пазарите од кои се подмируваат војните во Сирија и Јемен.

Бошњаци го предлагаат Ердоган за Нобелова награда за мир

Три граѓански здруженија од Босна донесоа одлука Реџеп Тајип Ердоган да се кандидира за НОбелова награда за мир.

Зошто некој од Белград би живеел и работел во Приштина?

Дечкото, не можејќи да најде работа во Србија, одлучува да ги спакува куферите и да појде во Приштина. Во текстов објаснува колку животот таму му е добар. Но и колку сознанието дека и по 16 години од војната е полесно да дојде некој од Белград или од друг српски град отколку од северна Митровица за раат да живее во Приштина е поразувачко.

Бугарија доби засилување во ловот на мигранти

Една од поранешните највисоки функционерки на германска Пегида (анти-муслиманското движење) и лидерот на холандската филијала на паритјата, од неодамна се во Бугарија во лов на имигранти на бугарско-турската граница.

Како е да се живее во ЕУ со 165 евра месечно?

Дојче Веле ги заинтригирува своите читатели со ова прашање а одговорот го бара од три бабички од Бугарија.

Пак да работите на верски празник

Мештаните на Бајина Башта се главните кривци што општината беше погодена од град, затоа што работеле за време на тешки верски празници. Ваквиот прониклив став е на претседателот на општината, Радомир Филиповиќ.