Балкан

Бугарскиот парламент изгласа забрана за носење бурка

По неколку поединечни забрани изгласани од локалните власти на неколку бугарски градови, парламентот на прво читање го изгласа законот кој на цела територија на Бугарија го забранува носењето облека која целосно или делумно го покрива лицето.

Никој не е среќен со новиот речник на црногорскиот јазик

Уште од прогласувањето независност во 2006 Црногорците се обидуваат да го стандардизираат црногорскиот јазик. На изненадување на сите, деновиве најголемиот напредок на оваа тема го направи Црногорската академија на науки и уметности, која објави Речник на црногорскиот народен и книжевен јазик. Изненадување е затоа што ЦАНУ ја сметаат за "просрпска" институција (заради што постои и паралелна академија ДАНУ).

Следната Балканска војна

Откако прави вовед на блиската балканска историја, Тимоти Лес има добра и лоша вест за Македонија. Добрата е дека најверојатно ќе влеземе во ЕУ, лошата е дека ќе влеземе како дел од Бугарија и Грција, на што ќе претходи отцепувањето на Албанците.

Србија со 678 милиони евра ИКТ извоз

Минатата година српскиот извоз на компјутерски услуги изнесува 678 милиони евра, а трговското салдо (разликата во увезеното и извезеното) достигнува 317 милиони евра, бројки кои се значително поголеми од вкупниот учинок на Фиат Србија и железарата Смедерево.

Романски воз?

Василе Чепои, Василе Чепои и Василе Чепои се имињата на тројца сосема различни кандидати кои беа номинирани за сосема иста позиција, на сосема исто гласачко ливче на локалните избори во Романија.

Македонски солзавец на изложба во Атина

Кинескиот уметник познат по неколку контроверзни "перформанси" на тема бегалци, во Атина отвори изложба на која едни од најистакнатите експонати се патрони солзавци кои македонската полиција ги користеше да ги одврати бегалците од влегување во земјава.

Најхипстерскиот хрватски производител на чевли - Борово

Додека кај нас е заглавен во фолдерот Боросани, последниве години Борово на Запад се претвори во еден најголемите хипстерски брендови препознатлив по дизајнот со еднорози.

Гоце Делчев го напушта Белград

"Дали Гоце Делчев беше македонски херој или анти-српски идеолог?", мозга белградска Политика по повод иницијативата да се преименува улицата во главниот град на Србија која над половина век го носи неговото име.

Како Тито ги насамари Американците, или не

Документарецот на ХБО Европа, Хјустон имаме проблем, покажува како Тито го измамил Кенеди и за 2,5 милијарди долари му ја продал нефункционалната југословенска вселенска програма. Сето ова звучи запрепастувачки се додека не седнеш да го анализираш филмот.

Романтичната приказна за најголемото изненадување на српските избори

Меѓу седумте партии кои на изборите успеаа да го надминат цензусот од 5% и да влезат во српскиот парламент е и движењето "Доста беше" и нивниот прв човек Саша Радуловиќ, економист, инаку поранешен министер за стопанство во владата на Ивица Дачиќ, а "денес еден од најартикулираните критичари на режимот на Вучиќ."

Бутик Хилари, Приштина

Во главниот град на Косово постои бутик кој продава женска облека, исклучиво онаква каква што би носела некогашната државна секретарка на САД со претседателски амбиции, Хилари Клинтон. Ако не знаете каде точно е сместен бутикот Хилари, прво дојдете до плоштадот Бил Клинтон.

Горанците стануваат Бугари за влез во ЕУ

Секоја недела од Кукуш, Албанија, полно комбе со патници трга на 8-часовен пат до Бугарија. Патниците се Горанци, кои одат да го подигнат својот нов бугарски пасош од Софија.

Албанија меѓу ЕУ и крвната одмазда

Албанија има 4Г мрежа, членка е на НАТО и чека на прием во Европската Унија. Европската Унија има илјадници Албанци кои во неа се кријат од крвна одмазда.

Младите Срби сонуваат за руски бази

Една од најголемите про-Нато невладини организации во Србија реши да провери како стои про-западната кауза меѓу младите и дозна - лошо.

Како по 13 години е уапсен Караџиќ

Клучниот момент е заминувањето на Раде Булатовиќ од позицијата директор на српската БИА (Безбедносно информативна агенција). Кратко време по ова тој добива телефонски повик од шефот на кабинетот на Борис Тадиќ, Мики Ракиќ, кој му порачува "во сабота некој ќе биде уапсен, потруди се тоа да не бидеш ти."

Шешељ - Хаг 9:0

Хашкиот трибунал донесе првостепена ослободителна пресуда по сите 9 точки по кои обвинителството бараше за Шешељ казна од 28 години затвор. Со ваквата одлука на судот Шешељ дефинитивно ја закопа скапата и помпезна лакрдија наречена хашко обвинителство чии правни перјаници со години ги гледавме како се мачат со својата професија, комплетно инфериорни во однос на опасниот, будалест но исклучително вешт радикал.    

Лажниот Норвежанец што го прелажа цел Белград

ЈП "Ада Циганлија" е задолжено за управување со истоимениот дел од брегот на Сава во Белград. Минатата година за комерцијален и финансиски директор на претпријатието е назначен Норвежанецот - Кристијан Стенберг. Баш така, што бара Норвежанец на Ада?

Радован Караџиќ во кратки црти

Хашкиот трибунал го осуди поранeшниот лидер на босанските Срби на 40 години затвор. Од пресудата за 70 годишниот Радован Караџиќ се чини никој не е задоволен: некому е тоа премалку, некому премногу. Психијатар, поет, екипен психолог на фудбалерите на Црвена Ѕвезда, добитник на орден од Грчката православна црква, воен лидер, одметник, мајстор за маскирање, осуден криминалец.

"Пред дождот"

Всушност, следниот текст се вика "Белград на вода". Го пишува легендарното перо на белградско Време Милош Васиќ а се однесува на последниве поплави во Србија. Зошто текст за поплавите во Србија? Затоа што кога ќе се случи нешто слично овде (со времето) и ама баш апсолутно исто (со последиците), дури тогаш сите хорски ќе се расквакаат на темата. Сè е до тајмингот, децо.  

Бугарите тргнаа во лов на бегалци

Дилемата зошто некој би влегувал во Европа преку Македонија наместо преку Бугарија, бугарските полицајци ја разрешија уште на почетокот од бегалската криза. Нивната бруталност беше доволно инспиративна за бегалците да ризикуваат патување со бродови, наместо патување по копно. Од неодамна целата ова приказна се надополни и со граѓански патроли за лов на бегалци.

Златна зора го огреа Европскиот парламент

Член на европскиот парламент од редовите на грчката фашистичка партија Златна зора, заедно со уште неколку нахални типови насилно упаѓа на дебата на која се зборува за малцинствата во Грција. Се разбира, со намера да ја прекине. Немале право да зборуваат за малцинства. Со дерење, со малака, со све. А главучите на ЕУ нека се замислат, ако вакво насилништво трпат членови на нивниот парламент, како ли им е на самите Македонци, Турци, Роми и други припадници на какво било малцинство во Грција.    

Се сеќава ли некој на Џемал Биједиќ?

На денешен ден 1977-ма година во авионска несреќа загина Џемал Биједиќ, висок функционер на тогашната СФРЈ и близок соработник на Тито. Неговата смрт се памти како фитил за една од првите масовни, но претпазливо ширени теории на заговор во тогашната држава.

Фотограф на 2015: Јанис Бахракис, Грција

Гардијан го прогаси Јанис Бахракис за фоторепортер на 2015 година. Гркот имаше несреќа да биде блиску до двете големи приказни на оваа година: финансиската имплозија на Грците кои ја растресоа Европската Унија и бегалската драма која сè уште го збунува континентот.

Зошто Грците ги откопуваат своите мртви?

Три години обично е рокот по кој семејствата во Грција се одлучуваат да ги ексхумираат останките на своите најблиски, кои потоа, со доплаќање, се чуваат во костурница, ако не се фрлаат во дупка.