Сараeво добива струја многу пред некои денес важни европски градови и само 13 години после Њујорк.
Електричната централа во Мариин двор е пуштена во употреба во мај 1895 година и претставува едно од најзначајните индустриски проекти на австро-унгарскиот период со чија енергија е снабдуван првиот електричен трамвај во Европа а година подоцна градот добива улично осветлување.
Управната зграда е изграден од фирмата Сименс и Халске и е дел од градската амбиентална целина на Сараево. Но, комплетно запуштена па и опасна бидејќи некои од ѕидовите веќе се распаѓаат.
Од окупаторот во повлекување централата ја бранеше легендарниот Валтер Периќ кој во таа битка на 6 април 1945 година битка и загинува. Најголемиот удар и е зададен во 1992 година кога злосторниците што го опседнаа градот ја гранатираа и запалија. Иако во меѓувреме е ставена на листата на историски споменици кои треба да бидат сочувани, таа денес изгледа вака: